• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо21:54 26 февруари 2018 ● Прочитано 2973

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави вечерва во Белград дека Србија и Западен Балкан треба да бидат дел од Европската Унија, но датумот на пристапувањето на Србија не зависи од Брисел туку од Белград.

- Србија заврши импресивна работа на патот кон ЕУ, но мора да ги реши проблемите со владеењето на правото и правдата, како и да постигне правно обврзувачки договор со Косово - изјави Јункер по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од своја страна, српскиот претседател оцени дека постигнувањето на правно-обврзувачки договор со Приштина е најтешката пречка на патот на Србија кон членството во ЕУ.

- Важно е да се најде компромис со Албанците и да се постигне пријателство меѓу двата народа, за што Брисел е само посредник -изјави Вучиќ.

Јункер на прес конференцијата јасно порача дека земјите со билатерални спорови не може да станат членки на Европската Унија , говорејќи за спорот меѓу Белград и Приштина.

- Знам дека многумина зборуваат за 2025 и сакам да биде совршено јасно дека тоа не е ветување, тоа се перспективи, можности, охрабрување. Зeмја што сака да стане членка по големите напори, треба да биде охрабрена. Сите ваши напори не беа бесполезни -рече Јункер.

На прашањето за изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој рече дека Брисел од Србија бара харакири, Јункер одговори со шега: 

- Нема да побараме од вашиот шеф на дипломатијата харакири, навистина не би сакал тој да направи нешто такво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ