• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:19 27 февруари 2018 ● Прочитано 1653

Грчкиот министер за економија Димитрис Пападимитриу денеска поднесе оставка, откако неговата сопруга Ранија Антонопулу, заменичка министерка за труд, социјалано осигурување и социјална солидарност, синоќа поднесе оставка по скандал со примање надомест за изнајмување стан.

Грчката државна телевизија ЕРТ јави дека Пападимитриу поднел оставка поради сочувство кон својата сопруга.

Грчките медиуми открија дека Антонопулу, која од 2015 година е задолжена за невработеноста, барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари. Таа во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан.

Медиумите тврдат дека според изјавата за доходите, Антонопулу и нејзиниот сопруг Пападимитриу, во 2015 година имале доходи од 450.000 евра и поседуваат речиси половина милион евра во банкарски депозити, како и имоти во Грција и странство.

Портаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека премиерот Алексис Ципрас разговарал со Антонопулу и и рекол дека „не е во ред“ таа да користи такви надоместоци, и оти ја прифатил и оставката на нејзиниот сопруг.

Антонопулу изјави дека не сакала да злоупотребува, но го искористила надоместот затоа што имала право на тоа. Таа рекла дека ќе ги врати парите на државата.

Оставка од заменичката министерка бараа претставници на опозициските партии тврдејќи дека е непристојно да и се даде надомест кога Грција се соочува со економска криза.

Грчката Влада наведе дека планира на членовите на Кабинетот да им го да укине плаќањето надомест за изнајмување станови.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ