На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Родители на ученици од основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода се жалат на хигиенските услови во училишната кујна за која одговорна е приватната фирма Сара тренд, но и училишното раководство кое, како што тврдат родителите, дозволува таа да работи, иако не е по стандардите на ХАСАП.
Родителите сведочат дека во кујната во која се подготвува храна има само една чешма и еден мијалник, нема машина за миење садови, ниту пак е реновиран просторот, кој не прилега за место во кое се подготвуваат оброците за нивните деца.
- Просторот е нечија импровизација, тоа не личи на кујна каде се подготвува храна, нечисто е и неуредно. Дали, воопшто во ова училиште има дојдено инспекција, оти ако дошле тогаш треба да одговорат како дозволиле кујната и понатаму да работи во такви нечисти услови - реагираат родители кои тврдат дека се обиделе преку преставки да ги информираат надлежните служби за состојбата, но дека не добиле никаков одговор, ниту пак се сменило нешто во училиштето. Родителите велат дека се подготвени да ги запишат децата во друго училиште, ако во наредниов период општинските власти не ја реновираат, како што велат, имровизираната училишна кујна.
Во Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека компанијата Сара тренд која се занимава со дејност угостителство и кетеринг, стопанисува со кујната во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“. Во надлежната агенција, наспроти тврдењата на родителите, уверуваат дека се вршат редовни контроли.
- Сите објекти со кои стопанисува оваа компанија редовно се контролираат од страна на инспекторите за храна при Агенција за храна и ветеринарство. Контроли се вршени и во кујната на ова основно училиште, согласно Годишниот план и програма за вршење на инспекциски контроли. Кујните во градинките, училиштата и студентските мензи вообичаено се контролираат во почетокот на училишната година. Последната контрола направена објектот на ОУ Кузман Јосифовски Питу е извршена на 18 септември минатата година, при што не се констатирани недоследности - велат од Агенцијата за храна и ветеринарство за Плусинфо.
Според надлежните, лани во кујната инспекторите забележале нечистотија, но тврдат дека таквите забелешки подоцна биле отстранети.
-Во истата кујна, во минатите години при контролите биле евидентирани недоследности, но од помал обем (нечисти ѕидни и подни површини, непрецизно водени записи за Добра хигиенска пракса), кои по налог од инспекторите за храна, операторот со храна во соработка со училиштето ги има отстрането. Иако во овој период согласно Планот и Програмата за вршење на инспекциски контроли не е планирано да се вршат контроли во овој тип на објекти, во моментов, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат контроли во кујните на предучилишните установи во земјава - се вели во официјалниот одговор на прашањата на Плусинфо упатени до Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во 2017 година до Одделението за заштита на потрошувачи при Агенцијата за храна и ветеринарство, биле поднесени девет претставки, кои се однесувале на објекти, односно кујни, за колективна исхрана во детски градинки, училишта и домови. До Одделението за заштита на потрошувачите имало поднесено претставка и за работењето на кујната на ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, но, наводите во претставката, не биле потврдени од страна на инспекторите. Со извршените инспекциски контроли, велат од Агенцијата, таму не биле констатирани недоследности, а за тоа имало писмено известување и до подносителот на претставката.
- Наводите во овие претставки се однесуваа на сомнеж во безбедноста и квалитетот на храната, на добрите хигиенски и добрите производни пракси, како и поплаки за менито (прашање кое се однесува на квалитетот, но не и на безбедноста на храната). Резултатите од контролите покажаа дека само една од претставките е основана, заради што е донесено решение за отстранување на недоследностите, по кое операторот постапил, односно ја отстранил неправилноста. За останатите осум претставки констатирано е дека наводите не биле основани - тврди Агенцијата за храна и ветеринарство.
Спротивно, на официјалниот одговор од надлежните служби, родителите велат дека ќе ја истераат правдата на виделина и ќе бараат градоначалникот Филип Темелковски да одговори кој ја штити нечистотијата и кога ќе се реновира училишната кујна на Кузман Јосифовски Питу.
По реакцијата на родителите, Плусинфо се обрати и во кабинетот на градоначалникот Темелковски, од каде велат дека стандардите за исхраната и за оброците во училиштето ги утврдува Министерството за образование и наука, во соработка со соодветна стручна установа, а инспекцискиот надзор го врши Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Согласно Законот за основното образование, основното училиште во договор со родителите (Советот на родители), може за сите ученици да организира најмалку еден оброк во текот на престојот во училиштето. Трошоците за оброкот ги плаќа родителот. Мора да напоменеме дека инспекциски надзор врз условите за организирањето на оброкот во основните училишта го врши надлежната Агенција за храна и ветеринарство, која го проверува квалитетот и безбедноста на храната, а врши и инспекциски надзор врз соодветните документи за ДДД, потврдите са ХАСАП системот, како и санитарните книшки на вработените, кои имаат контакт со храната - се вели во одговорот од кабинетот на градоначалникот Филип Темелковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп
Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.
Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.
Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.