• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА12:38 27 февруари 2018 ● Прочитано 1159

Велика Британија би разгледала план за вклучување во воздушните напади што ги извршуваат САД врз сириските владини сили, доколку бидат најдени докази дека властите во Дамаск користеле хемиско оружје против цивилите, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

- Доколку утврдиме дека тоа се случило и ако можеме да го докажеме тоа и доколку добиеме предлог за акција во кој Велика Британија би можела да биде корисна, мислам дека сериозно ќе го разгледаме, изјави Џонсон за Би-Би-Си.

Сириските бунтовници вчера соопштија дека едно дете загинало, а 13 други се соочиле со проблеми при дишењето по напад со хлор извршен во неделата од страна на сириските владини сили во реонот на источна Гута, кој е под контрола на бунтовничките борци.

Наводниот напад со хемиско оружје во Источна Гута вчера го осуди и Белата куќа, при што оцени дека користењето на хлорот како оружје само дополнително ја влошува ситуацијата во Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ваквите обвинувања за нов хемиски напад ги оцени како провокација.

Обвинувањата за извршен хемиски напад врз последното упориште на сириските бунтовници во близината на Дамаск, дојдоа откако Советот за безбедност на ОН во саботата усвои Резолуција за прогласување на 30-дневен прекин на огнот со Сирија од хуманитарни причини.

Меѓутоа, според интерпретацијата на Русија и на Иран, кои се главни сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад, примирјето не се однесува на бунтовничките групи во Источна Гута, односно на Џебхат ал Нусра и за Исламската држава.

Сепак и покрај ваквиот став на Москва, по наредба на рускиот претседател Владимир Путин од денеска во Источна Гута се воведува секојдневен петчасовен хуманитарен прекин на огнот. Прекинот на огнот е со цел да се избегнат цивилни жртви. За извлекување на цивилите од Источна Гута предвидено е да биде отворен хуманитарен коридор.

Сириската опозиција рускиот предлог за секојдневно петчасовно хуманитарно примирје во Источна Гута го оцени како искривување на резолуцијата на ОН.

Првото петчасовно хуманитарно примирје почна денеска од девет до 14 часот по локално време, но Русија веднаш ги обвини сириските бунтовници дека го гранатираат хуманитарниот коридор за евакуација на цивилите од Источна Гута.

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека борци на поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија, Џебхат ал Нусра (Фронт на победата) стрелале врз хуманитарниот коридор. Во инцидентот нема настрадани лица.

Џаиш ал Ислам (Армија на исламот) една од главните бунтовнички групи во Источна Гута, негираше дека има напади врз хуманитарниот коридор и оти се спречуваат цивилите да заминат од енклавата.

Источна Гута е предградие на Дамаск, кое од 2013 година е под контрола на бунтовниците. На оваа територија, опколена од владините сили, живеат околу 400.000 лица. По интензивирањето на нападоте на владините сили врз Источна Гута минатата недела загинаа над 500 луѓе. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ