• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:18 27 февруари 2018 ● Прочитано 1384

Посетителите на Амстердам во иднина ќе треба да внимаваат на своето однесување, зашто според нови правила, кои стапуваат на сила од април, нема да смеат да зјапаат по излозите во Црвената зона и да ги фотографираат сексуалните работнички.

Во областа, која е магнет за љубопитни туристи, според новите построги правила ќе бидат забранети и врева и користење дрога и алкохол. Исто така, туристички групи со повеќе до 20 туристи не ќе смеат да шетаат без водичи.

Доколку групите со туристи не се придржуваат на правилата, парично ќе се казнуваат туристичките водичи (235 долари), како и компаниите што стојат зад нив (1.200 долари). Потегот е дел од напорите на градот да се намали концентрацијата на туристи во тој дел.

Дамите на ноќта се чувствувале посебно непријатно кога пијани туристи зјапале во нив и им дофрлувале вулгарни коментари.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ