На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Шукрија С. заедно со осумгодишниот внук Амир секое утро ги минува уличките во Ѓорче Петров и ги собира пластичните шишиња кои грѓаните ги издвоиле од отпадот во пластични кеси. Секојдневно поминува километри за да собере една огромна вреќа со пластични шишиња кои потоа ги продава за рециклирање. Не сака да коментира многу бидејќи се плаши некој да не ја пријави и да ја изгуби социјалната помош. Вели дека е принудена да го прави ова бидејќи минималната социјална помош не стига да го прехрани семејството.Заработува по околу 100 денари за 20 килограми пластични шишиња. Некогаш повеќе некогаш помалку.
Шукрија е една од 3.000 луѓе во земјава кои секој ден собираат амбалажен отпад, но нивната работа никаде не е регистрирана. Овие луѓе собираат 80 отсто од амбалажниот отпад создаден во земјава и годишно заработуваат по околу 31. 991 денар. Дополнително им заштедуваат околу еден милион евра годишно на локалните власти бидејќи го намалуваат обемот на работа на јавните комунални претпријатија. Индиректно нивната работа придонесува и за зголемување на извозот и што е најважно за подобрување на животната средина. Доколку државата ги легализира како собирачи на отпад и ги вработи во посебни фирми за собирање и рециклирање на отпад тогаш заштедите на локалните власти би биле поголеми, а и државата би имала корист. Дополнително приходот на овие граѓани би се зголемил, а би се подобрил и нивниот социјален живот.
Ова го покажува Студијата со наслов „Вклучување на неформалниот сектор во одржлив систем за управување со отпадот како можност за вработување и социјално вклучување на ранливите групи” изработена во рамки на проектот „FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство".
- Има неколку главни форми на валоризација на отпадот од страна на неформалните собирачи. Прво, тие се насочени кон собирање и селектирање на рециклирачките материјали од контејнерите за мешан комунален отпад или депониите. Втора форма е собирањето на отпад за лична и комерцијална употреба, преку користење на собраните материјали за затоплување на нивните домови или продажба на материјали кои можат да се реупотребат или поправат и продадат на формалните и неформални пазари во Македонија. Третата форма е собирање на вишокот храна за исхрана на семејството и животните кои ги чуваат – вели Блаже Јосифовски од граѓанската организација „Ајде Македонија“ кој работеше на Студијата.
Кој собира амбалажен отпад?
Анализата направена во Студијата покажа дека амбалажен отпад главно собираат лица од маргинализираните групи кои се на работ на егзистенцијата. Најчесто собираат пластична амбалажата, железо и хартија, многу поретко електронскиот отпад. Дневно успеваат да соберат по една до две вреќи кој го пренесуваат со велосипеди и запрежни возила, поретко и со мотори. Загрижува податокот дека во собирањето на отпад се вклучени и деца.
- Малку е напорно, но забавно е тоа што додека собирам шишиња пронаоѓам и интересни работи. Некогаш има и златни ланчиња, часовници мобилни телефони. Сето тоа добро се продава– вели осумгодишниот Амир, кој не оди редовно на училиште, зашто е ангажиран да помага во семејството.
Шукрија, вели дека има само социјална помош, но би сакала да биде вработена и да не се плаши дека ќе и бидат скратени парите кои ги добива од државата, затоа што заработува некој денар од собирањето шишиња. Додава дека повеќето од оние што собираат отпад кои ги познава немаат здравствено осигурување.
Во студијата се наведува дека 70 отсто од собирачите на отпад имаат здравствено осигурување. Социјална помош примаат 21 отсто бидејќи, од различни причини, овој вид приход им е скратен, па така тие што ја добиваат социјалната помош, приходите од отпадот ги остваруваат преку пари на рака од други неформални собирачи, кои ги евидентираат количините како сопствени преку трансакциска сметка.
- Тоа што не се признаени како посебна професија и не се регистрирани односно дејствуваат во рамки на неформалната економија, ги прави неконкурентни и се подложни на експлатација. Затоа, многу од нив би сакале да бидат признаени и да се формализираат, да плаќаат даноци, но тие не знаат како да ја направат оваа промена -вели Јосифовски.
Студијата покажува дека формализирањето на оваа професија и организирање на собирачите на отпад во правен субјект, би имало позитивни придобивки како за собирачите на отпад, така и за државата. Собирачите би ги зголемиле приходите во просек, по 51.186 денари годишно, би имале социјално и здравствено осигурување и редовна работа. Државата пак би имала: зголемена вработеност, поголеми количини собран отпад, а со тоа и поголем извоз, почиста животна средина и повисоки приходи.
Собирачите на отпад се невидливи за законите
Отпадот и амбалажен отпад се опфатени во Законот за животна средина, Законот за управување со отпад и Законот за управување пакување и отпад од пакување, но ниту еден од овие закони не го регулира прашањето на собирачите на амбалажен отпад. Со овие закони се предвидува оние кои постапуваат со амбалажен отпад да поседуваат лиценци и посебни дозволи, да подготвуваат планови и проценка на влијанието врз животната средина, кои неформалните собирачи не се во можност да ги добијат.
Причините за ова се ниското ниво на образование и немањето пристап и познавање на релевантните процедури, како и немањето пари за основање фирма која би овозможила тие легално да ја вршат работата.
Институциите размислуваат за формализирање на собирачите на отпад
Институциите сметаат дека оваа област мора да се озакони со што на овие луѓе ќе им се даде можност да заработуваат, но и да бидат заштитени.
Од Министерството за животна средина велат дека собирачите на отпад се реалност, но тие не се опфатени во системот, не постои евиденција и контрола на собрани и предадени количини на отпад од пакување.
Во Министерството за труд и социјална политика пак сметаат дека станува збор за ранлива категорија на граѓани кои би требало да бидат вклучени во системот за управување со отпад.
И претставниците на локалната власт и бизнисмените сметаат дека е потребно легализирање на собирачите на отпад имаат во рециклирањето и други форми на преработка на отпадот.
Велат дека Македонија може да искористи примри на успешно легализирање на собирачите на отпад од амбалажа во светот. Податоците презентирани во Студијата укажуваат дека во вкупните количини на комунален отпад амбалажниот отпад е застапен со околу 15 до 22 отсто. Податоците покажуваат дека 80 отсто од амбалжниот отпад го собираат овие луѓе. Во земјава секој жител во земјава создава годишно во просек по 50 килограми отпад од пакување или вкупно околу 115.000 тони.
Како да се искористат искуствата на Бразил и Индија во формализирање на собирачите на отпад
Најдобри практики во формализирањето на собирачите на отпад имаат Бразил и Индија каде што оваа дејност е регистрирана. Бразилскиот систем функционира на три начини: собирање на отпадот од врата на врата, вториот е собирање на отпадот од одредени зелени точки и третиот начин ги вклучува комуналните претпријатија кои со нивните камиони ги празнат кантите за селекција на отпад.
Во градот Пуне во Индија, пак собирачите на отпад делуваат како регистрирана, призната и валидна професија преку која ги остваруваат своите посебни права. Се идентификуваат со картички,а го собираат отпадот од врата на врата.
Формализацијата на собирачите на отпад придобивка за граѓаните и државата
Експертите кои работеа на студијата предлатаат државата да ја признае професијата собирач на отпад и да ги регистрира луѓето кои ја вршат, за да може подобро да го програмира развојот на дејноста. Како можни начини на нивно организиарање ги наведуваат кооперативата, социјално претпријатие или јавното-приватно партнерство при што е потребно државата да им помогне во обезбедувањето основни средства за работи и земјиште и да отвори центри за рециклирање на отпадот.
Според нив, добро е и нивно обучување за одредени вештини кои би им овоможиле да работат и во процесот на рециклирање: преработка на мебел, преработка на метал, пет амбалажа, стакло и други видовина отпад.
Во студијата се предлага во период од две години по формализирањето луѓето да добиваат социјалната помош и да здравствено и социјално осигурување. Би било пожелно, да се укинат и казните и губењето на социјална помош. Исто така, ќе биде потребно да се евидентираат и на поголемиот дел од нив да им издадат соодветни лични документи.
Сето ова би дало позитивни ефекти и за собриачите на отпад и за државата. Формализирањето и интегрирањето на неформалните собирачи би резултирало со поголеми количини селектиран отпад подготвен за преработка, кој би довел до заштеда за јавните комунални претпријатија и за граѓаните, продолжување на животниот век на депониите и заштита на животната средина.
Според калкулациите на прилепски водовод мартовските сметки што прилепчани ќе ги добијат во април во просек ќе се зголемат за 15 до 20 денари.
Соса е резидентен претставник на ММФ во Србија.
Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.
Моментно една од водечките компании во регионот која врши услуги од овој тип е групацијата „Секјуриком“.
Двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар.