На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Ќерката на холивудскиот актер Бил Козби, Енса, починала од бубрежно заболување. Таа имаше 44 години.
Енса Козби имала многу здравствени проблеми, а иако живеела повлечено, јавно застана во одбрана на својот татко при судскиот спор против него во 2017 година за силување.
Ќерката на Козби починала на семејниот имот во сојузната држава Масачусетс, јавија американските медиуми.
Иако причината за смртта сè уште не е официјално потврдена, се шпекулира дека таа имала многу здравствени проблеми и дека чекала трансплантација на бубрези.
Енса работела како инструкторка по јога во студио лоцирано на неколку километри од Шелбурн Фолс, големиот семеен имот, каде што и починала.
Семејство
Покојната Енса Козби е второ дете на Бил и Камил Козби, а освен неа двојката ги има и трите деца Ерика (52), Ерин (51) и Евин (41). Првиот син на Козби, Енис, е убиен во 1997 година, на 27 години, при обид за грабеж во Лос Анџелес. Енис во Лос Анџелес одел да посети пријател кога му пукнала гума на автомобилот, па застанал крај патот за да ја смени. Тогаш му пришол млад украински мигрант, вперил пиштол во него, побарал пари, му пукал во главата и избегал. Убиецот подоцна е уапсен и осуден на доживотен затвор, без право на помилување.
Жестоко зад татко си
Ќерката на Козби, Енса, не беше многу експонирана во јавноста, а се знае дека во 2013 година се омажила за Мартин Меклин и дека имала едно дете од претходната врска, додека нејзиниот маж имал четири деца од претходните врски. Еден од неговите синови, во 2015 година кога имал 21 година, го убил пријател со 70 убоди од нож во грб.
Иако Енса Козби не ги сакала светлата на рефлекторите и медиумите, таа застана во одбрана на својот татко обвинет за сексуално насилство врз бројни жени.
- Си ја сакам приватноста и избрав мирен живот. Но, поради моите деца, внуци и татко ми, не можам повеќе само мирно да седам. Обвинувањата против мојот татко се пристрасни, а кога се обиде да се брани, повторно е тужен на граѓански суд. Обвинувањата стануваа сè пострашни и репутацијата на татко ми сè повеќе пропаѓаше, а неговиот легендарен труд е отфрлен без никакви докази - изјавила Енса во едно од ретките излегувања пред медиумите.
„Козби е невин“
Енса додала дека цврсто верува дека нејзиниот татко е невин и дека мисли дека расизмот одиграл голема улога во целата приказна. - Мојот татко е јавно линчуван во медиумите. Моето семејство, мојата ќерка, моите внуци мораа беспомошно да стојат на страна, да го гледаат тоа и да сведочат на двојни стандарди, кога обидувајќи се да заштитите права на еден човек, му ги одземате правата на друг човек. Да се изложат невини деца на такви обвинувања против некого кого сакаат и кој кон нив бил многу добар, е повеќе од сурово - истакнала Енса.
Енса Козби ќе биде погребана на имотот на Козби, како и нејзиниот брат Енис.
Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.
Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.
Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.
На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.
Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.