• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:36 27 февруари 2018 ● Прочитано 1724

Ѕвездата од реалното шоу Ким Кардашијан и официјално на социјалните мрежи го претстави своето трето дете, ќеркичката Чикаго, родена на 15 јануари.

- Бебето Чикаго - напиша Ким на Инстаграм до фотографијата на која се таа и девојчето и која веќе има повеќе од 5,5 милиони „допаѓања“.

Девојчето Чикаго на свет го донесе сурогат-мајка. Поради компликации во првите две бремености, Ким и Канје одлучија да ангажираат жена што ќе им роди дете. Наводно, сурогат-мајката има 27 години, два сина и е во брак пет години. Завршила факултет, а на славната двојка ѝ се допаднала зашто била во исклучителна физичка форма.

Инаку, Кардашијан и Вест ги имаат и четиригодишната ќерка Норт и двегодишниот син Сент.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ