• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:41 27 февруари 2018 ● Прочитано 1728

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, по неколку месеци одлучи да се обрати во јавноста. А имаше и добра причина. Првата дама им пружила поддршка на младите што го направија движењето кое се занимава со контрола на оружјето во Америка.

Во нејзиното прво јавно обраќање по неколку месеци, најмногу поради откривањето на наводната афера меѓу нејзиниот сопруг Доналд Трамп и порно-ѕвездата Сторми Даниелс во јануари, Меланија изјавила дека е трогната од движењето што младите го основале и дека се надева на промена што ќе ги спречи масовните убиства во училиштата, кои не престануваат да се случуваат во цела Америка.

„Трогната сум од сите тие деца ширум нашата земја, кои го користат својот глас и се обидуваат нешто да променат. Тие се нашата иднина и заслужуваат глас.“

Меланија за овој настан облекла тесен бел фустан, кој ја нагласил нејзината совршена фигура.

Иако Доналд Трамп ги негираше обвиненијата дека ѝ бил неверен на својата сопруга, прашината не слегнува. Меланија очигледно застанала покрај својот сопруг и одлучила да продолжи понатаму.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ