• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:45 27 февруари 2018 ● Прочитано 1806

Чилеанската актерка Даниела Вега е прва отворено трансродова жена, која ќе учествува на свеченоста на 90-тото издание на доделувањето на Оскарите.

Американската филмска академија соопшти дека Вега, ѕвезда од филмот „Фантастична жена“, кој е номиниран за најдобар странски филм, ќе биде меѓу лицата што ќе ги доделуваат Оскарите.

- Тоа е прекрасно, но се надеваме дека не е за последен пат - изјавила трансродовата новинарка Зои Тур.

Драмата „Фантастична жена“, во режија на Себастијан Лелио, се занимава со животната приказна на една транссексуална пејачка во ноќен клуб, чиј живот целосно се менува откако момчето ќе ѝ почине на раце.

- Фактот дека сум трансродна, ѝ дава поголема уверливост на приказната - изјави Вега за филмот.

Даниела Вега е оперска пејачка и театарска актерка од Чиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ