На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.
Како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“, кад се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“.
Но, неговиот ангажман вклучуваше и консултантски услуги за кои беше платен од буџетот. БИРН дојде до два договори со кои Министерството за одбрана го ангажира Мико во 2015 и 2016 година за интелектуални услуги во вкупна вредност од 17. 875 американски долари
Во 2015 година Зоран Јолевски тогашниот министер за одбрана го ангажирал Мико за интелектуални услуги од делокругот на нарачателот а особено за „ работи кои се однесуваат на информирање на домашната и странска јавност за активностите од областа на одбраната“. Договорот е склучен на 17 септември 2015 и важел за периодот од 04.08 до 31.10. 2015 во вредност од 11.375 американски долари.
Во 2016 година, Јолевски повторно потпишува договор со Мико за информирање на домашната и странската јавност за активностите од областа на одбраната, како и покривање на самитот на НАТО во Варшава, за што на Мико треба да му се исплатени 6.500 долари.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп
Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.
Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.
Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.