• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:45 27 февруари 2018 ● Прочитано 1667

Поранешен директор на средното општинско училиште „Св.Наум Охридски“ во Македонски Брод бесправно вработил професор и ангажирал воспитувач, а ја рентал спортската сала без да ги пријави средствата. Директорот го оштетил училишниот Буџет за повеќе од 5.700 евра.

Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Г.М. (58) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Додека бил директор на училиштето, тој потпишал договор за вработување на определено време на професор по ликовна уметност, како замена за неговото работно место. Договорот бил направен за периодот од ноември 2015 до август 2016 година иако знаел дека неговиот мандат истекува во април 2016 година и дека за наведениот период ќе се исплаќаат двајца професори за истото работно место.

Исто така, без да распише оглас за вработување и потпише договор, ангажирал лице како воспитувач во интернатски дом во рамките на училиштето за 20 наставни часа, иако тоа место било пополнето. Покрај тоа, за користење на спортската сала од физички и правни лица, во рамките на истото училиште пријавениот од одговорно лице на правен субјект од Македонски Брод зел готовина од 8.000 денари кои ги присвоил и не ги уплатил на сметката на училиштето.

Со ваквите дејствија, според МВР, пријавениот го оштетил буџетот на училиштето за вкупен износ од 354.972 денари.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почнува судењето за начинот на кој „Алфите“ го апсеа Бошковски, Мијалков куртули

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во Маврово речиси метар снег, - 11 степени во Ѓуриште

Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп

Еленовски пратеник за НАТО во Брисел, Дарлишта директор на Матични книги

Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.

Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце

Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.

Запалено грчкото знаме пред Собрание

Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.

НАЈЧИТАНИ