• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:38 27 февруари 2018 ● Прочитано 1674

Информациите за претстојната операција на Нејмар не одговараат на вистината, категоричен беше попладнево тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери.

Претходно „Глобо Еспорте“, како и водечките шпански изданија „АС“ и „Марка“, информираа дека поради фрактура во десното стапало, напаѓачот ќе го пропушти не само претстојниот реванш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, туку и следните два месеца.

- Овие гласини се измислици. Денеска разговарав со лекар и тој ми објасни колку сериозна е повредата. Одлуката ќе се донесе врз основа на темпото на закрепнување. Ќе видиме како ќе се развијат работите во наредните денови пред да донесеме конечна одлука. Самиот играч исто така ќе реши што понатаму. Засега сме смирени. Чекаме да видиме како Неј ќе се опорави. Ако успее да се среди за дуелот со Реал, тоа ќе биде одлично. Ако не, имаме други играчи. Во моментов, на Нејмар му треба мир - изјави Емери.

Нејмар денеска бил забележан како го напушта „Парк де Пренс“ на патерици.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ