На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Одземање на пратенички имунитет со двотретинско мнозинство наместо со 61 пратенички глас, дефинирање критериуми кои закони може да се носат по скратена постапка, критериуми за закони со европско знаменце, одговорност за претседавачот на комисијата или пленарната седница доколку ги прекрши деловничките процедури, ова се само некои од предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за измените на собранискиот Деловник кои ќе ги стават на маса пред владејачката СДСМ на работната група за Деловникот, дознава Плусинфо од собраниски извори.
Наспроти ова, власта ќе предложи конститутивната седница да треа 48 часа, како таа за избор на влада, да не може да има повеќе пратенички групи од една партија, зголемување на ингеренциите на потпретседателите на Собранието, ограничување на времето за одговор на премиерот и министрите на седницата за пратенички прашања...
Ова се само дел од предлозите за измени на собранискиот Деловник, кои според собраниски извори, утре ќе се најдат на маса. Претставниците на власта и опозицијата на состанокот ќе ги разменат предлозите ставени на хартија, по што секоја од партиите ќе треба да се произнесе кои предлози се прифатливи, за кои ќе треба допрва да се усогласуваат и за кои од предлозите ќе нема виза.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека ќе предложат и зголемување на правата на координаторите на пратеничките групи, целосна независност на собранискиот од буџетот на извршната власт. ВМРО-ДПМНЕ ќе бара независно собраниско обезбедување, собраниски календар, односно предвидливост на работата на Собранието, редефинирање на правилата на одговор на пратеничките прашања, односно се бара поголема динамика при одговарањето на пратеничките прашања, скратување на процедурата за интерпелациите и тука се бара побрзо ставање на седница на интерпелациите за министрите.
Од утрешната средба се очекува да биде појасно за кои од предлозите власта и опозицијата ќе може да „се најдат“ за измените на собранискиот Деловник. Деловникот за работа на Собранието, етичкиот кодекс, дијалогот власт - опозиција треба да бидат и дел од агендата на процесот „Жан Моне“ кој ќе се оддржи во Охрид, наместо во Париз, како што првично било планирано.
Неофицијално, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на процесот „Жан Моне“ во Охрид кој треба да се оддржи од 15 до 17 март.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп
Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.
Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.
Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.