• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА17:09 27 февруари 2018 ● Прочитано 1061

Вашингтон 27.02.2018 (МИА) - Во Вашингтон денеска официјално ќе биде отворен плоштадот Борис Немцов, дел од улицата што се протега пред руската Амбасада, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На церемонијата на отворањето ќе присуствуваат американски сенатори и конгресмени, претставници од дипломатскиот кор како и членови од семејството на Немцов.

Преименувањето на дел од Висконсин авенија во чест на поранешниот руски вицепремиер и критичар на претседателот Владимир Путин се случува точно на тригодишнината од неговото убиство во Москва извршено на стотина метри од Кремљ.

Непосредните извршители на атентатот се пет Чеченци кои беа осудени на долготрајни затворски казни. Но, руските опозиционери тврдат дека убиството на Немцов било организирано од специјални безбедносни служби, како чин на покажување сила во замавот на широките репресии против политичките противници на Кремљ.

Преименувањето на улицата пред амбасадата во чест на Немцов лани за момент беше неизвесно, откако лобисти платени од Москва вршеа притисок на Капитол Хил да се запре постапката. Но, градскиот совет на Вашингтон, кој има надлежност да преименува градски локации, сепак, го прифати барањето за ново име на тој дел од Висконсин авенија.

Поборниците велат дека преименувањето е храбар гест на американскиот народ во оддавање почит кон големиот руски борец за човекови права и активист за демократија во Русија. Критичарите сметаат дека ова ќе ги наруши и така заладените, речиси тензични односи, помеѓу двете земји.

Пратеник во руската Дума од редовите на радикалната партија ЛДПР лани побара адресата на американската амбасада во Москва да се преименува во „Северно-американски ќорсокак бр. 1“. Адресата на американската амбасада во Москва е Бољшој девјатински пер. 1 и градските власти с\ уште размислуваат за предлогот.

Рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза, раководител на Фондацијата „Борис Немцов“, самиот двапати цел на атентат со труење, изјави дека преименувањето можеби е горчлив факт за руските власти, но дека рускиот народ е благодарен за тоа.

- Не верувам дека некој од руската амбасада ќе присуствува на церемонијата. Но, не се сомневам дека еден прекрасен ден во блиска иднина руските дипломати во Вашингтон ќе бидат горди што нивниот прозорец гледа на улица именувана во чест на голем државник на Русија - изјави Кара-Мурза.

Вашингтон има преимeнувано уште една улица според познат Русин. Делот од 16-та улица каде се наоѓаше амбасадата на поранешен Советски Сојуз од 1980 година е именуван според Андреј Сахаров, руски политички активист и борец за човекови права.  


Фото: EPA/Jim Lo Scalzo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ