• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо17:27 27 февруари 2018 ● Прочитано 1968

Во врска со делови од интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата Ројтерс преземени од некои од македонските медиуми, и во кои се пренесува дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во уставот“, Кабинетот на Претседателот на Владата на Република категорично тврди дека премиерот Заев нема искажано таков став во интервјуто за Ројтерс.

„Наместо тоа, премиерот Заев на прашање на новинарот на Ројтерс одговара дека Република Македонија е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалеку, бидејќи тоа е многу тешко прашање“, се наведува во реацкијата од Владата.

Во продолжение на разговорот на оваа тема премиерот Заев додава дека „останува отворено прашање дали постои ‘вистинска потреба’ за промена на Уставот на Република Македонија, нешто што Грција го бара последниве месеци“.

„Исто така укажуваме и на погрешната интерпретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со премиерот Заев во која се наведува дека „Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името“.

Јавноста во Македонија, и во светот, знае дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц, кој во име на Обединетите Нации, посредува во разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција.

Тоа значи дека тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија.

Во име на коректното известување и заради корекција на пренесените делови од интервјуто на премиерот Заев за агенцијата Ројтерс, ве молиме да ги земете предвид овие укажувања во врска со ова чувствително прашање“, се додава во реакцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Почнува судењето за начинот на кој „Алфите“ го апсеа Бошковски, Мијалков куртули

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во Маврово речиси метар снег, - 11 степени во Ѓуриште

Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп

Еленовски пратеник за НАТО во Брисел, Дарлишта директор на Матични книги

Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.

Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце

Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.

Запалено грчкото знаме пред Собрание

Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.

НАЈЧИТАНИ