• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА18:13 27 февруари 2018 ● Прочитано 1172

Градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат се откажа денеска од планот со кој требаше да се воведе данок на деловни објекти на христијанската цркви, како што се ресторани и хотели, откако предизвика незадоволство меѓу верските лидери и предизвика затворање на Базиликата на Светиот гроб.

Во соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху се наведува дека е основан професионален тим за преговори со црковни лидери за да се најде решение.

- Општина Ерусалим ги прекина активностите за наплата преземени во изминатите недели, се вели во соопштението.

Засега верските лидери не реагираа на одлуката за прекин на плаќањето даноци, но најавено отворање на Базиликата на Светиот гроб.

Црквата во неделата јка затворија лидери на Римокатоличката, грчката православна и други христијански цркви во знак на протест поради одлуката на градоначалникот на Ерусалим за оданочување црковен имот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

НАЈЧИТАНИ