На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Истражувањето кое е направено на Универзитетот Ворвик покажало дека кај децата со аутизам постои поголем степен на оштетени протеини, во споредба со децата кои го немаат тоа нарушување. Истражувачите наведуваат дека новите тестови би можеле да доведат до порано откривање на оваа состојба, за која понекогаш е тешко да се постави дијагноза.
Стручњаците напоменуваат дека треба да се биде претпазлив и дека претсои многу работа додека тестот не биде сосема развиен. Аутизмот влијае на однесувањето и социјалната интеракција, но тешко се воочува кај бебињата па дијагнозата се поставува обично околу втората година кај детето, а често и подоцна.
Во моментот не постојат биолошки тестови кои можат да ја откријат оваа состојба, а дијагнозата се поставува врз основа на лекарската проценка на однесувањето.
Во новата студија, чии резултати се објавени во магазинот „Молекуларен аутизам“, истражувачите трагале по хемиските разлики во крвта и урината на 38 аутистични деца и 31 дете кои го немаат тоа нарушување, на возраст од пет до 12 години.
Децата со аутизам имале повисоко ниво на оштетени протеини, особено во крвната плазма, а тоа е доведено во врска со полошото здравје.
Докторката Наила Рабани од Универзитетот Ворвик, која го водела истражувањето, рекла дека овие тестови со воочување на маркерите би можеле да им овозможат на лекарите порано да ја постават дијагнозата на аутизмот. Таа додала дека следниот чекот е реплицирање на заклучокот од студијата во другите групи.
Стручњаците уште посериозно ги предупредуваат родителите дека мораат да им го ограничат времето што го поминуваат со таквите апарати
Истражувањата потврдиле дека многу процеси во дигестивниот тракт се активираат само кога џвакаме.
Обемните проучувања покажале дека не постои директна врска помеѓу консумирањето на сите заситени масти и срцевите заболувања.
Со оваа мешавина ќе добиете вистинска инјекција за будење на организмот и помош во борбата против стресот.
Идеална температура за чоколадото се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови.