• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА19:26 21 февруари 2018 ● Прочитано 4690

Кулинарскиот критичар и експерт за чоколадо, Лук Овен смета дека чоколадните производи никогаш не би требало да се чуваат во фрижидер.

Овен, кој инаку е сопственик на продавница за чоколади, вели дека таа секојдневна слатка намирница во фрижидерот станува здодевна и ги губи своите вкусови.

Според него, чоколадото треба да се чува на ладно, суво и темно место. А, колку што ниските температури можат да влијаат на вкусот, толку и високите влијаат на обликот на производот. Во таков случај, советот гласи - ставете го чоколадото во метална кутија, па тогаш во фрижидер.

Пред конзумирањето, треба да го оставиме неколку минути на собна температура.

Со тоа се согласуваат и експертите за безбедност на храната. Белинда Стјуарт Мунлајт го посочи примерот кога го вадиме чоколадото од фрижидер, моментната кондензација прави шеќерот да создаде бела обвивка, а вкусот на чоколадото е како да јадеме остатоци од вчера.

Нема сомнеж дека чоколадата се највкусни кога се јадат на собна температура, а како идеална се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Погледнете колкава штета им прави модерната технологија на претшколските деца

Стручњаците уште посериозно ги предупредуваат родителите дека мораат да им го ограничат времето што го поминуваат со таквите апарати

Блендирањето на храната не е толку здраво

Истражувањата потврдиле дека многу процеси во дигестивниот тракт се активираат само кога џвакаме.

Путерот го намалува ризикот од срцеви заболувања

Обемните проучувања покажале дека не постои директна врска помеѓу консумирањето на сите заситени масти и срцевите заболувања.

Коктел за добро утро

Со оваа мешавина ќе добиете вистинска инјекција за будење на организмот и помош во борбата против стресот.

Чудесниот целер го спасува срцето

Овој плод содржи изобилство од хранливи материи, а е особено добар за здравјето на крвните садови.

НАЈЧИТАНИ