• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:16 21 февруари 2018 ● Прочитано 3616

Децата најмногу страдаат од загадениот воздух затоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ10 честички, кај него почесто се појавуваат детски болести кои често преминуваат во акутни состојби и доведуваат до тоа белите дробови да не се развијат доволно

Загадувањето на воздухот, под што се подразбира внесување нови некарактеристични физички, хемиски и биолошки материи во атмосферскиот воздух или промена на одамна веќе присутните концентрации на овие материи во животната средина, е причина за многу болести кај луѓето. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во 2015 година дури 6 милиони луѓе во светот умреле од загаден воздух, од кои 600.000 се деца, а дури 9 од 10 луѓе дишат загаден воздух. Проблемите со загадениот воздух се карактеристични за поголемите градови, но ниту помалите места на живеење не се поштедени.

Според СЗО, во светски рамки околу 300 милиони деца живеат на места каде воздухот е загаден до таа мера што кај нив може да предизвика сериозни проблеми во менталниот и физичкиот развој. Речиси секое седмо дете, според извештаите на УНИЦЕФ, дише воздух кој е најмалку шест пати позагаден од пропишаните стандарди. Причина поради која децата најмногу страдаат од загадениот воздух е што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребно повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ10 честички, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, често преминуваат во акутни состојби и доведуваат до тоа белите дробови да не се развијат доволно. Ваквиот воздух им ја намалува функцијата уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување, пред сè од хроничен бронхитис и од астма.

Загадувањето на воздухот е еден од најсериозни проблеми на Македонија која држи неславен рекорд на една од најзагадените земји во Европа. Многу наши градови, меѓу кои најмногу Скопје, Тетово и Битола се на врвот на листата најзагадени градови во светот. Од овие причини во постојан пораст е бројот на лица со белодробни заболувања, а секако најпогодени се децата. Детските одделенија во здравствените организации во земјава, особено во зимските месеци, се преполни со родители кои бараат помош за своите деца. Дел од нив се третираат амбулантски, а голем дел со посериозни респираторни проблеми мораат да се хоспитализираат. Најсериозните случаи завршуваат на Клиниката за детски болести во Скопје или на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле. На Институтот Козле, на пример годишно се третираат 39.000 деца, од кои 35.000 се лекуваат амбулантски додека дури 4.000 се хоспитализираат.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Погледнете колкава штета им прави модерната технологија на претшколските деца

Стручњаците уште посериозно ги предупредуваат родителите дека мораат да им го ограничат времето што го поминуваат со таквите апарати

Блендирањето на храната не е толку здраво

Истражувањата потврдиле дека многу процеси во дигестивниот тракт се активираат само кога џвакаме.

Путерот го намалува ризикот од срцеви заболувања

Обемните проучувања покажале дека не постои директна врска помеѓу консумирањето на сите заситени масти и срцевите заболувања.

Коктел за добро утро

Со оваа мешавина ќе добиете вистинска инјекција за будење на организмот и помош во борбата против стресот.

Не го чувајте чоколадото во фрижидер

Идеална температура за чоколадото се смета онаа меѓу 15 и 20 степени Целзиусови.

НАЈЧИТАНИ