На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Во текот на ноќта од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје, е отстранет споменикот на Андон Јанев Ќосето, информира Општина Центар. Од таму нагласуваат дека по детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби во општина Центар донеле решение дека се работи за дивоградба. При увидот на овластениот градежен инспектор на Општина Центар, било констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од Град Скопје. „Одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел Советот на општина Центар на 28.12.2012 година. Тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период Андон Јанев Ќосето. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја“, се наведува во соопштението.
Од Општина Центар појаснуваат дека Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на Град Скопје, на седница која била одржана на 14 јули во 2014 година.
Градските власти велат дека имаат доволно ресурси за бездомните кучиња да добијат хуман третман, но оти во зима нападите зачесуваат поради гладот.
Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.
„Берлин бар“ се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Првиот гостин е кучето Среќко (Lucky).
Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.
Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.