На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Во наредните два дена во Скопје ќе се одржи Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.
На мразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ своите вештини ќе ги демонстрираат 60 натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години. Настанот започнува во петок во 19:00 часот со извлекување на стартните броеви на учесниците, по што ќе следува свеченото отворање на престижниот спортски натпревар. Истата вечер ќе се одржи натпреварот во три интерпретативни категории на кој ќе учествуваат 14 натпреварувачки. За в сабота се закажани натрпеварувачките категории.
- По минатогодишниот успешен натпревар во уметничко лизгање, што за прв пат се организираше во нашата држава, оваа година имаме огромна задача и предизвик да бидеме подобри и поуспешни од лани. Среќни сме што успеваме да го развиваме овој спорт. И покрај непостоење соодветни услови за тренинг сепак резултатите се движат во нагорна линија. Меѓу другото целта на овој, веќе традиционален натпревар е да го промовира уметничкото лизгање во Македонија и нашите млади и успешни спортисти, кои секојдневно вредно работат. Сакам да ги поканам сите љубители на уметничкото лизгање утревечер и в сабота претпладне да бидат дел од настанот и да уживаат во настапите на нашите натпреварувачи - изјави претседателката на Федерацијата за лизгачки спортови, Цветанка Макаровски.
На натпреварот, покрај домашните натпреварувачи, ќе учествуваат и гости од Србија, Грција, Бугарија и Хрватска. Влезот за гледачите и двата дена ќе биде слободен. „Skopje on Ice“ се организира втора година по ред од страна на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.
Градските власти велат дека имаат доволно ресурси за бездомните кучиња да добијат хуман третман, но оти во зима нападите зачесуваат поради гладот.
Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.
„Берлин бар“ се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Првиот гостин е кучето Среќко (Lucky).
Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.
Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.