На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Втор ден и прогласување на победниците на натпреварот во уметничко лизгање во Скопје
Со перформанс на мраз на најмладите лизгачи и лизгачки од Македонија и настап на Мијата синоќа свечено беше отворен Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.
На првиот натпреварувачки ден настапија 15 натпреварувачки од три држави во три интерпретативни категории.
Натпреварот продолжува и денеска, а на мразот своите вештини ќе ги покажат учесниците од категориите Кадети Ц (6-8 години), Кадети Б (8-10 години), Младинки и младинци – 11+ години, Јуниорки и Сениорки.
Церемонијата на прогласување на победниците во сите категории ќе се одржи во 12:30 часот на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Натпреварот, чија цел е да го промовира и популаризира уметничкото лизгање како спорт во Македонија, е во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Градските власти велат дека имаат доволно ресурси за бездомните кучиња да добијат хуман третман, но оти во зима нападите зачесуваат поради гладот.
Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.
„Берлин бар“ се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Првиот гостин е кучето Среќко (Lucky).
Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.
Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.