На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Скопскиот аквадукт ќе биде реставриран и ќе има повеќе придружни рекреативни и културни содржини. Први за конзервација ќе бидат најзагрозените делови од Аквадуктот, а понатамошната реставрација ќе се одвива во неколку фази.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека Градот ќе обезбеди соодветна инфраструктура во контактините зони со Аквадуктот и изградба на летна сцена со 600 до 1000 седишта.
- Летната сцена ќе биде изградена надвор од заштитното подрачје и ќе биде изведена на начин што нема да смета на визурата на Аквадуктот, рече Шилегов.
Премиерот Зоран Заев истакна дека со конкретни акции ќе се работи на заштитата на културното наследство.
- Во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства. Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати - рече Заев.
Околината околу Скопскиот аквадукт е исчистена, а се планира и поставување на урбана опрема и информативни табли со цел овој локалитет да стане повторно атракција за посетителите. Последни посериозни инвестиции на Аквадуктот се реализирани пред неколку години.
Градските власти велат дека имаат доволно ресурси за бездомните кучиња да добијат хуман третман, но оти во зима нападите зачесуваат поради гладот.
Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.
„Берлин бар“ се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Првиот гостин е кучето Среќко (Lucky).
Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.
Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.