На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Дури 34 отсто од анкетираните изјавиле дека биле жртва или сведок на хомофобично однесување на некој фудбалски настан во земјата, изјави Петар Стојковиќ, претставник на здружението „КВИР СКВЕР“, образложувајќи ги резултатите од анкетата на порталот „квир.мк“.
- Употребата на хомофобичен или трансфобичен говор кон некого е погрешна, тоа е против правилата на игра и претставува кривично дело - смета Стојковиќ.
Луис Енгфилд, претставничката на Мрежата ФАРЕ, на денешната тркалезна маса „Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал“, објасни дека меѓународната иницијатива „Фудбалот против хомофобијата“ ја покренува свеста на народот преку спроведување кампањи, советувања и упатувања. Таа, исто така, врши истражувања, разгледува политики и гради капацитети
- Сето ова се прави со цел постојаните фудбалски структури да се направат побезбедни, прифатливи и инклузивни за луѓето од ЛГБТ заедницата, да се создадат можности и да се промовира вклучувањето на луѓето од ЛГБТ во фудбалот на сите нивоа и во сите облици, да се подобри застапеноста и видливоста на ЛГБТ заедницата во фудбалот, како и да се воздигне фудбалот во општеството како алатка за создавање на позитивни промени, наведе Енгфилд.
Директорот на АМС, Дарко Каевски, посочи дека Агенцијата ќе работи на уништувањето на хомофобичната реторика.
- Јазикот без дискриминаторски акцент инсистира и зајакнува културни вредности со тоа што помага да се задржи општествената хиерархија, па затоа препорачувам да го цениме гласот на оние во нашите заедници кои се дискриминирани и да го употребиме јазикот што нема да ги одразува нивните идентитети, бидејќи употребата на инклузивен јазик обезбедува чувство на сигурност на ЛГБТ - апелира директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.
Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.
Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.
„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.
Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).