• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА17:12 26 февруари 2018 ● Прочитано 1626

Тренерот на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Душан Алимпиевиќ, на вонредна прес-конференција соопшти дека Перо Антиќ не играл поради проблеми со повредата, а гласините дека постои нетрпение во клубот ги отфрли како невистинити.

Алимпиевиќ на конференцијата, која ја свика претседателот на клубот Небојша Човиќ, а на која присуствуваа и Антиќ и Бранко Лазиќ негираше дека дошло до физичка пресметка со капитенот .

- Мислам дека Лазиќ и јас сме доволно морални, кога нешто такво навистина би се случило еден од нас да не биде во клубот - истакна Алимпиевиќ.

Тренерот на „црвено-белите“ исто беше критикуван дека нема добар однос со еден од најискусните во екипата, македонскиот интернационалец Антиќ.

- Јас не можам да го скротам Перо? Што требаше да направам, да му ги скршам стапалата? Тој веќе даде многу повеќе од она што зборувавме телефонски кога дојде. Човек со голема кариера и три освоени титули од Евролигата. И ние треба сега да му го уништиме стапалото? Не ми паѓа на памет“ - наведе Алимпиевиќ.

На прес-конференцијата и Антиќ го потврди кажаното од страна на тренерот.

- Имаме доверба во Дуле. Тој е тренер и ние работиме онака како што ќе ни каже, и покрај разликите - нагласи Антиќ.

Повод за оваа вонредна прес-конференција беа пишувањата во српските таблоиди за наводната тепачка меѓу Алимпиевиќ и капитенот Бранко Лазиќ, како и за постоењето на конфликт меѓу тренерот и Антиќ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реал Мадрид нуди 70 милиони евра за Салах

Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.

Челзи му нуди на Азар 300.000 фунти неделно

Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.

Поради временските услови, ФФМ ги одложи натпреварите од вторите лиги

Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.

УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

У19: Македонија со 5:0 ја совлада Финска

Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).

НАЈЧИТАНИ