• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
МИА09:12 27 февруари 2018 ● Прочитано 1099

Легендата на англискиот фудбал Алан Ширер верува дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку може да игра уште подобро од она што го прикажува од почетокот на сезоната.

Белгиецот има 13 гола и 6 асистенции во Премиер лигата досега. Сепак, според Шир, пречка за повеќе е одбранбената тактика на Жозе Мурињо.

- Сочувствувам со Лукаку поради начинот на кој Жозе Мурињо го води тимот со Матиќ или Херера во средината на теренот. Тие се од типот фудбалери кои кога одземат топката, првата мисла не е како да ја поднесат напред, а почнуваат да се чудат дали да додадат лево, или можеби десно. Ако тие почесто се обидуваа директно да ја праќаат во првите редови, тогаш за напаѓачите ќе биде полесно да создаваат проблеми на противникот, смета Ширер.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реал Мадрид нуди 70 милиони евра за Салах

Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.

Челзи му нуди на Азар 300.000 фунти неделно

Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.

Поради временските услови, ФФМ ги одложи натпреварите од вторите лиги

Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.

УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

У19: Македонија со 5:0 ја совлада Финска

Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).

НАЈЧИТАНИ