• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
МИА09:25 27 февруари 2018 ● Прочитано 1104

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, за сајтот на СЕХА-лигата изјави дека на тимот му недостасува енергијата што ја носеше присуството на Лино Червар.

- Иако работиме според истите принципи и се придржуваме до истите тактики и вежби, верувам дека неговото присуство е многу значајно за овој млад тим. Ни недостасува неговата енергија и начинот на кој тој ја предава на ракометарите, вели Кузмановски во интервјуто за СЕХА лигата.

Кузмановски е еден од тројцата најдобри ракометари на Металург во тековната сезона, со 48 постигнати гола во СЕХА-лигата и 31 гол во Лигата на шампионите. Со самото тоа, тој е еден од лидерите на младата генерација не само во Металург, туку и во Македонија во целина.

- Јас сум убеден дека можевме да одиграме подобро на неколку натпревари во текот на сезоната, но и да се загуби не е секогаш лошо. Поразите често ви го покажуваат правилниот пат и ви ја сопираат помислата дека сте најдобар, што особено лошо делува на младите ракометари. Сметам дека во одредени ситуации ни недостасуваше искуство, но исто така сметам дека тоа ќе го добиеме со текот на времето и дека се ќе тргне кон подобро, нагласува капитенот на клубот од Автокоманда.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реал Мадрид нуди 70 милиони евра за Салах

Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.

Челзи му нуди на Азар 300.000 фунти неделно

Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.

Поради временските услови, ФФМ ги одложи натпреварите од вторите лиги

Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.

УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

У19: Македонија со 5:0 ја совлада Финска

Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).

НАЈЧИТАНИ