• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА12:49 27 февруари 2018 ● Прочитано 1065

Потпретседателот на италијанската фудбалска федерација Алесандро Костакурта изјави дека менаџерот на Челзи, Антонио Конте е најдобро решение за испразнетата селекторска функција на „Азурите“.

- Не сме одлучиле, но Конте изгледа како совршена опција. Сигурно ќе зборувам со него во наредните месеци. Тој веќе ни покажа дека знае како е да се биде селектор, што не важи за останатите кандидати. Тоа не значи дека нема да бидам задоволен ако Манчини или Анчелоти ја добијат работата, но се чинеше дека последниот сам се откажа да го води националниот тим, изјави Костакурта.

Иднината на Конте во Челзи е неизвесна и тоа го прави прв кандидат за селекторското место. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реал Мадрид нуди 70 милиони евра за Салах

Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.

Челзи му нуди на Азар 300.000 фунти неделно

Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.

Поради временските услови, ФФМ ги одложи натпреварите од вторите лиги

Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.

УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

У19: Македонија со 5:0 ја совлада Финска

Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).

НАЈЧИТАНИ