• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0

Завчера имав едноставен избор: да го гледам Христијан Мицковски на ТВ 24 вести – или да ги гледам Челзи и Барселона?… Изборот не ми беше тежок. Мицковски го одгледав следниот ден, на интернет.

Долго интервју, речиси два часа и, кога би имал простор, би можел да се осврнам на десетина сегменти од настапот. Но, Мицковски е главно арогантен, крут, по малку кавгаџија и генерално ги релативизира сите лоши еднодецениски политики на ВМРО-ДПМНЕ, во еден манир на посетител на „вечерна политичка школа“. Слично, да речеме, на еден Илче Димовски: со многу флоскули, со невешти полемички фигури, тотално површно, со повремено глумење неинформираност за клучни теми од нашава политика, во стилот „не сум од овде“, „кај е овде лево“ и сл.

Дополнително, не се работи само за едно ниско политичко ниво кај Мицковски, туку и за разочарувачки впечаток заради скромното интелектуално ниво – лидерот на опозицијата е залутан машински инженер во високата македонска политика.

Всушност, во сите клучни политички ставови, „сериозниот човек… со принципи“ (по сопствена оценка) Христијан Мицковски е карбон-копија на Никола Груевски, само прилично полош. Лоша вест за ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, со оглед на неговата лидерска позиција во опозицијата, вреди човек да се осврне на ставовите на Мицковски во однос на актуелните преговори со Грција, чијшто исход ќе влијае врз судбината на Македонија на краток, среден и подолг рок.

Значи, врз основа на „енциклопедиската информација“ со која располага (една нејасна синтагма што ја слушам прв пат, а Мицковски ја повтори пет-шест пати во интервјуто) за тоа до каде се преговорите со Грција, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека процесот, во Македонија, полека се претвора во „блејм гејм игра“ – односно, во почеток на местенки за тоа кој е виновен за нивното пропаѓање. На страна што тоа не ја одразува фактичката ситуација; туку, ваквиот пристап кон комплексноста на целиот македонско-грчки проблем и историскиот момент во кој се наоѓаме во врска со неговото решавање е, најблаго речено, несериозен однос. Преговорите тукушто се започнати и развојот на оваа компликувана фаза не може ни да се предвиди, особено ако се имаат предвид претстојните (во тој момент) средби на Заев со Меркел, со Јункер и којзнае какви уште сè не развои на настаните до завршувањето на преговорите.

Мицковски упорно настојува да се дистанцира од преговорите („немаме никакви информации“, „ВМРО-ДПМНЕ нема да биде алиби за пропаст на некој план“, „нема да поддржиме недостоинствено решение“ и сл.), веројатно надевајќи се (или барем прогнозирајќи) нивен неуспех. Тој, всушност, се однесува како едвај да чека преговорите да пропаднат, за Македонија да остане заглавена во својата грда реалност, за да може тој, речиси без никаков личен напор, наскоро потоа да ја превземе власта и да продолжи од таму каде што застана Груевски. Ќе му фали само еден Мијалков до него. Бидејќи Курир веќе си го има.

Овој пристап, со една долга низа од погрешни, аматерски проценки, беше рецептот според кој Груевски, постепено, доживеа политичка катастрофа, одведувајќи ја државата во тотално „слепата улица“ на меѓународната изолација.

Мицковски, гледаме, апсолутно ништо не научил и ноншалантно оди по истата „изгазена“ партиска патека, веројатно придружуван од истите советници чиишто насоки ја чинат Македонија десет изгубени години, а ВМРО-ДПМНЕ морално-политичка хаварија од којашто нема да може да се опорави во догледно време.

Така „малиот Мицковски“ ја замислува политиката. Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете. 

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ