На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Нема никакво сомнение кога Сашо Ордановски и Владимир Милчин го критикуваат Зоран Заев, тоа не значи дека го мразат него или ги мразат неговите политики. Најмалку тие двајца и уште помалку Милчин на чиј грб години наназад се одвиваше филозофијата на Контрареволуцијата за откоренување на „соросоизмот“ од Македонија и едно збогување со отвореното општество кое на политички план ги „поддржуваше комуњарите“. Серијата написи на Милчин (кои со литературен речник би се квалификувале како „роман-река“ или со филмски речник „сериски филм“) насловена како „Заев, врати се дома!“ беа една искрена загриженост на еден граѓанин за реалните политички, економски, културни и социјални состојби во општеството после бурните денови, месеци и години на Шарената револуција.
Тоа беше и една искра на сомнеж дали Заев сè уште ја држи политичката линија на револуционер кој имаше намера да создаде општество на рамноправни граѓани, општество без корупција и економски криминал, општество добро интегрирано во заедничката европска фамилија на народите или пак „опиен“ од политичката фама, посебно после локалните избори скршнал од тој пат и станал ревизиониста. Искрено кажано и јас бев убеден во ово последното. Токму затоа колумните на овие двајца ги читав со посебно задоволство немајќи волја и инспирација да пишувам на таков убав и високо интелектуален стил од моето (и на многу други) скриено тешко разочарување зошто на директен или индиректен начин бев дел од таа револуција која оди по лошиот пат толку искритикуван од револуционерите! Сè е џабе, ми велеше еден загрижен другар; кој ги чита тие ваши колумни, треба да знаете дека тие добро се етаблирале високо во власта и кој чита што пишуваш, ти и твоите другари околу тебе! Вие ја завршивте вашата задача, и точка!
И посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на еден стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
„Време е да го преиспиташ функционирањето на функционерите во својата влада и партија. И не сметај на нивната совест и самокритичност. Побарај одговорност за грешките и побарај оставки“, пишуваше Милчин во својата втора колумна со горенаведениот наслов неколку дена пред да стигне „Индексот за перцепција на корупцијата за 2017“ од Transparency International.
Многу ме заболе дека токму за време на владеењето на Реформската влада, Република Македонија „многу храбро“ зачекорила кон зголемување на индексот на корупцијата, толку многу искритикувана од Револуцијата, и се наоѓа на високо 102 место во светот. Изгледа дека тоа го налутило премиерот. И после некои искрени критики од пријатели и поддржувачи на Револуцијата, премиерот даде до знаење дека ги прочитал и разбрал пораките:
„Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари“, вели во интервју за БИРН премиерот Зоран Заев. „Нема правда нема мир“, маршираа шарените револуционери низ улиците на Скопје. Сега „Правда нема, а мир има“, пишува Милчин. Праведно, законски и очекувано и ништо необично е кога дипломат по сила на закон оди во пензија но дали има правда кога дипломат пензионер се именува амбасадор, а другиот (по скратена постапка за неколку часа) вршител на должноста . Дали има правда кога дипломати со ниски професионални капацитети во име на професионалноста се именуваат за амбасадори во стилот: четири мои, еден твој и двајца на претседателот!!! И згора на тоа се залагаме за професионализам во дипломатијата. „Малку професионалци, малку партиски (во име на професионализмот)“, велеше пред извесно време еден висок владин функционер.
После неговото интервју се надевам дека Заев конечно се враќа дома!
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.
Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.