• 13 ноември 2024
  • Вести денес: 0

Во право е Здружението на новинарите на Македонија, во право е Насер Селмани – нема никаква причина од професионална природа шефот на државата да им издава безбедносни сертификати на новинари. Претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да ја прекине таа практика, а доделените безбедносни сертификати мора итно да се одземат или да се вратат.

Фатен во сериозен скандал, Иванов потврди дека издавал безбедносни сертификати на новинари, со цел тие да учествуваат во работни тела на седниците на Советот за безбедност, кој треба да ја донесе стратегијата за одбрана. Во соопштението од кабинетот на Иванов пишува дека се оценило дека во овие активности „треба да бидат вклучени и стручни лица - новинари“. И затоа им се издадени сертификати што им овозможуваат пристап до строго доверливи информации.

Знаете ли кои се тие новинари „стручни“ да му дадат на претседателот „сугестии како да ја информира јавноста и да ја подигне свеста и безбедносната култура за работата со класифицирани иформации“ и да му помогнат во неговата херојска борба со „лажните вести“ и со „ерозијата на институциите“? Ако не знаете, јас ќе ви кажам – тоа се кодошите на тајната полиција на привремена работа во новинарството. Незгодата е во тоа што Иванов можел да постапи и валкано, па на листата на новинари што треба да добијат безбедносни сертификати да допише и такви што би сакал да ги искомпромитира.

Како и да е, јас сум среќен што од Иванов немам добиено таков сертификат. Сѐ што имам добиено од него е една црвена вратоврска, што ми ја испрати по пошта, по повод една моја кавга со неговиот кабинет. Таа вратоврска ќе ја носам на денот кога Ѓорге ќе падне од власт. Откако ќе се случи тоа – се надевам, во интерес на Македонија, што поскоро – јас ќе му издадам безбедносен сертификат да чита „Слободен печат“, со назнака „интерно“.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

НАЈЧИТАНИ