• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0

Иако деновиве ми се случуваа неочекувани нешта, после серијата критики кои колумнистите на „Слободен печат“ и на Плусинфо, а и јас со нив, ги упативме до премиерот Зоран Заев за слабостите во Владата, искрено очекував премиерот да повлече потег што ќе заличи на „враќање дома“, што би рекол „стариот Милчин“.

Знам дека апологетите на Заев и пара-медиумите кои се самопрогласија за негова „преторијанска гарда“ - неписмени будали, не го ни знаат значењето на овој израз! - сега се збунети. Упорно форсирајќи навреди и клевети за секој што се осмели да ја критикува Владата на Заев или и него лично, тие сега останаа без коментари, а веројатно и без директиви.

И да знаете – токму од однесувањето на „преторијанците“ ќе заклучиме многу нешта за тоа како ќе се изведе „проветрувањето“ на извршната власт. Нормално, очекувам децата брзо да се соземат од шокот што им го приреди Заев и во недостиг на прецизни директиви, веднаш самите да почнат да прават листи за реконструкција. Но, ако почувствувам дека нарачките доаѓаат од најблиските соработници на Заев, или, не дај боже, од него самиот, тогаш со сигурност ќе знам дека таа работа нема да донесе ништо добро.

Но, ајде да не бидеме песимисти без причина. Очекувам Заев овој пат навистина да биде на висина на задачата. Мислам дека и самиот е свесен дека при првото составување на кабинетот подлегнал на „шарените“ приказни за „енергијата“ што во власта ќе ја донеле „младите“, ама ако бидат поставени на водечки позиции, без оглед на нивните знаења, формални квалификации и искуство.

Затоа, не сум изненаден што сега Заев вели дека упатува порака до некои луѓе да се поправат, оти „во спротивно ќе бидат сменети“. Го разбирам и кога од некои други бара повеќе да се труделе и да научеле. Но сепак, најважно е што премиерот сфатил дека најслаби алки во неговиот кадровски синџир се луѓето без знаење. Манекените. Пиарчиите. Фејсбуковците.

Симпатични се апелите на Заев до неговите соработници, но верувајте, луѓето нема да се поправат. И нема ништо да научат. Не затоа што не сакаат. Сега тие и самите ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата. Едноставно, толку им сече. Добар кабинет и добра администрација се прави со способни и карактерни луѓе. А способноста вклучува знаења, искуство и дела. Фурни леб изедени. Не напумпани биографии, со комични податоци за учество во вакви или онакви проекти, на вакви или онакви семинари и воркшопови.

Сакам да се разбереме убаво - немам ништо против тоа децата да учат. Образував генерации млади новинари и се надевам дека голем дел од моите студенти нешто од мене и научија, како што и јас учев од моите учители. Но, ќе повторам нешто што го имам напишано многу пати – младите нека учат, ама мора да почнат како чираци, како приправници, како практиканти, а не како министри или советници.

Заев ќе успее како „генерал“ ако успее добро да си ја распореди „војската“ и ако конечно одлучи за најважните државни прашања сепак да се советува со искусни „волци“, а не со голобрадести момчиња, родени во независна Македонија, во дигиталното доба, со деца кои своите родители веројатно ги прашуваат:

- Тато, тато, не ми е јасно како пишувавте статуси на Фејсбук кога немало интернет?

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

НАЈЧИТАНИ