• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0

Де факто, тоа беше мал чекор за Ќосето: „се симна“ 2-3 метри, растојание што се поминува во три чекори! Но, кој како сака нека каже, тоа беше голем чекор за македонската демократија. Секоја чест на изборите, на гласањето, на „волјата на народот“ итн., но демократијата вистински започнува да „владее“ со почетокот на нејзиното практицирање односно спроведување во дело. А ова беше токму тоа што требаше да се случи. Добро, не е ова прв демократски потег на новата власт, ама во овој сегмент – е’. Некој ќе рече: можеше / требаше порано! Можеби, ама сето тоа ќе беше изнасилено, на мускули, можеби со „француски клучеви“ во рака, и секако ќе заличеше на режимските постапки притив кои што, всушност, беше борбата. Иако, велам, многумина, и јас меѓу нив, посакувавме порадикално и „побезобразно“ однесување. Но сепак, безобразието и безочноста се одлика на режимите како оној претходниот, не на демократијата! Вака, во пристојна стручна процедура, со сите неопходни репери, се постапи така како што мораше: без помпи, без славја, мирно и организирано. Тоа што некои будали палат пред постаментот свеќи само говори за степенот на инфилтрацијата на фашистичкиот режим во главите – не можам да кажам умовите, за тоа треба сериозна потврда – на одделни поединци.

Тоа пак што други будали го споредуваат демократското спроведување на процедурите со дивеењето на ИСИС и талибанците говори токму за такви и слични анахроно талибански фрустрации и „идеали“ во нивните глави – повторно не можам да кажам умови зашто тие очигледно не живеат таму – та дури и’ ветуваат на јавноста дека повторно ќе го вратат – некогаш, скраја да е’ – тоа што сега се отстранува! Ќе го врателе, повторно, масовниот убиец (првиот во македонската понова историја, за да им прави друштво на другите, од Ацета па наваму) на истото место!!! Е па мерите им го умот во празните тикви. И тие себеси се нарекуваат политички / партиски лидери? Па тоа се’ е бре, извинете, болно до зла бога, поболно не може да биде. Та зарем современа Македонија треба да се идентификува со кољачи и масовни (партиски) убијци? Децата што секојдневно поминуваа покрај споменикот на тој дегенерик треба(а) да се воспитуваат во тој дух, да земат кама, пушка и пиштол и да тргнат низ македонските улици? Мореее, болен народ! И од кога тоа патриотизмот и херојството се мерат според бројот на заклани луѓе? А Рацин бил – џуџе? А дегенерикон – херој?! И иако, главно, знам што и како (не) работат македонските историчари – да работеа, нешто ќе сработеа, нели, наместо оние „силни“ (квази)музеи, документарни „серии“ и секакви други историски баљезгарии – ама ќе се најде ли некој помлад, со долга и здрава метла и да подзачисти малку повеќе низ оваа фалшива патриотическа ачковско-тодоровска историја? Но, ние не би биле тоа што сме ако нема и трет вид душогрижници, оние типични (како „архитектон“) бакалски стручњаци кои по децениско молчење и кооперативност сега препорачуваат дека во градот имало и други работи за правење: демек сме немале тротоари, сме немале „урбан зафат“ и слично. А ги имавме ли во изминатава деценија, со злосторничкото здружение? И шутраков се јави ли тогаш да им го предочи проблемот на властите или гледаше како да се прошета пет-шест пати до Венеција и назад, па да лапне со другарму некој проект …? Какви „мажишта“, да ти се приповраќа!

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим. А тој, Ќосето, беше токму еден од нив. Сето она друго, оној кичерај распореден низ централното подрачје на Скопје и делумно низ другите македонски градови беше / е’ симбол и на другите амбиции и „идеали“ на полуписменине „патриоти“ заседнати врз грбот на државата повеќе од една деценија. Сите нивни фрустрации, идентитетски кризи и амбиции преточени во ситни политикантски потези, љубовта кон татковината манифестирана само и единствено низ украдените милијарди (евра, се разбира), почитта кон културата и наследството украсена со уништувањето на цел еден град … сето тоа речиси и не може да се мери со омразата, насилството, теророт, грозоморието преточени во само еден споменик на кољач-дегенерик поставен токму пред зградата што треба да биде олицетворение на правдата во една држава. И баш тоа го покажува вистинското лице на тие кољачовозљубеници, и нивните намери! Сето друго и да го немаше, ова ќе беше доволно за нивна вистинска историска идентификација. И вечна дисквалификација!

Оттука, големиот чекор за македонската демократија не смее да сопре овде. Ќосето ќе зачекори уште малку подалеку, до крајната дестинација: пеколот на историјата – некоја печка во Железарницата на Мин Чо (или чија е веќе, којзнае, што е своевиден македонски парадокс, оној кој ги помагаше сега повторно да заработува на нивното поништување!). Но македонската демократија не смее сега да се затетерави, и да застане. Зашто, прво, ветуваше многу повеќе, и второ, ако сакате, тоа и е обврска. Историска, идеолошка, демократска, хуманистичка.

 

извор: Теодосиевски уметност

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

НАЈЧИТАНИ