На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја. Промените се последица на глобалните европски и светски гео-политички поместувања настанати во последната деценија на 20 век и првата деценија на 21 век, но имаат и свој регионален карактер.
Првпат Република Албанија се наоѓа во интензивен процес на интеграција на балканскиот, политички и економски, простор и станува рамноправен политички субјект во процесите на регионалната политика на Балканот. Денес, Србија не само што не представува фактор која има моќ да ја попречува интеграцијата на Албанија на Балканот и во Европа, туку, напротив, таа е заинтересирана да ги стимулира тие процеси. За тоа постојат како политички така и економски интереси. Без јасна позиција на Албанија по прашањето за решавање на статусот на Косово, Косово ќе остане долгорочен фактор за дестабилизација не само за Србија туку и за регионот во целина. Или по конкретно, без јасен став на Р. Албанија во однос на идејата за Голема Албанија, не може да се очекува регионална интеграција, до толку повеќе што велико-албанската политичка програма се однесува не само на Косово туку и на Црна Гора, Грција и Македонија. Со прогласувањет на независноста, статусот на Косово е радикално променет. Косово ја презеде одговорноста за сопсствената безбедност и за безбедноста на регионот и сака да стане составен дел на НАТО. Но во исто време неговото интрегрирање во ЕУ е условено со воспоставувањето на конструктивни односи на соработка со соседите, а посебно со Србија.. САД се преокупирани со проблемите на Блискиот Исток, а од новата администрација не е реално да се очекува нејзино поголемо инволвирање во состојбите на Косово и пошироко на Балканот до колку тие не се повод за подлабоки безбедносни ризици гледани од аспект на геополитичките конфронтации со Руската Федерација.Со преземањето на базите во Бугарија и Романија и со очекувањата да ја добијат потребната воена инфраструктура како логистика на просторот на Западниот Балкан, нивниот интерес за Косово, во најмала рака, не е тој кој беше во времето кога требаше да се сруши Милошевиќ. Во моментов, одговорноста за Косово ја презема Европа. Албанија е пред проблемот, дали да ги жртвува своите стратегиски интереси и да го подржи Косово или пак, како и многу пати во досегашната албанска историја, да даде приоритет на сопствените стратешки приоритети и интереси, а тоа се балканска интеграција, влез во ЕУ и секако задржување на стратегиската подршка на САД. Изјавите на раководители на Р. Албанија, се многу јасни. Независноста на Косово е значеан но не и клучен приоритет за Р. Албанија. Внатрешните економски социјални и политички проблеми ја лимитираат силата на Албанија да изигрува било каков пиемонт за обединување на Албанците. Афирмирањето на активната политика на Албанија во процесите на балканските интеграции е примарен интерес на Р. Македонија. Проблемот на големо-албанската идеја значи треба да се сведе на превошодно проблем на екстремните албански националисти кои, како и другите носители на големите националистички проекти на Балканот, во тоа го гледаат сопственото опстојување. За Бугарија, примарен интерес е зајакнување на интеграцијата во НАТО и ЕУ која пак е тесно поврзана со регионалната, балканска, интеграција иако тоа формално не е условено. Сепак, природните патишта на Бугарија кон Европа водат преку Србија, стабилноста на регионот битно влијае и врз стабилноста на Бугарија. Балканот е дел на стратегиските позиции на НАТО, а маргиналните балкански армии веќе не представуваат респективни воени структури способни да реализираат било чии ‘‘големи идеи‘‘. Грција веќе од поодамна е дел на воено-безбедносните, политичките и економските структури на Европа обврзана да ги почитува европските стандарди за почитување на човечките права и правата на етничките заедници наспроти сеуште силно присатните националистички фрустрации. Примарниот интерес на Грција е да ја надмине економската криза како и да го поттикне економскиот растеж, а тоа најдобро може да го постигне со силнс подршка од ЕУ и САД, посебно и заради огромниот долг. Стабилноста на (гео) политичкиот простор на Балканот е тесно поврзана со се поголемите инвестиции во регионалната инфраструктура кои, со појавата на кинеските инвестиции немаат само регионална туку и поширока, европска, димензија. Оттука повторното појавување на ултранационалистите на политичката сцена на Балканот како фактор за дестабилизација е проблем спрема кој НАТО и ЕУ колку и да се обидуваат не можат да стојат пострана. Во тој контекст и проблемите со Р. Македонија, колку годе да представуваат билатерален и пред се историски рецидив на големо грчкиот национализам, од ден на ден стануваат превошодно и нивни геоплитички проблем. За дефинирање на регионалната политика на Македонија од исклучително значење е присуството на Р. Турција во политичките и економските процеси на Балканот. Тоа е најголемата превенција за било какви нагодби во триаголникот Белград-Софија-Атина но и израз на неоосманизмот на овие простори. Каде е позицијата на Р. Македонија?
За да се одговори на ова прашање потребно е да се направат анализи и одговори на пршањата: Кои се приоритетните, регионални (гео) политички интереси на Македонија денес и во иднина во регионот? Каква треба да биде оперативната политика за нивно реализирање?
Кои се главните внатрешно-политички и регионални субјекти врз кои и со кои Македонија ќе ги остварува сопствените политички интерси во регионот?
Кои се глобалните гео-политички проекции и интереси за балканскиот регион и каде во тие односи се најдува Р. Македонија?
Кои се извориштата на сукобите, денес и за во иднина, во регионот и каква е нивната поврзаност со внтрешно-политичките состојби во Македонија? Примарен гео-политички интерес на Р. Македонија денес е да го сочува територијалниот интегритет и суверенитет врз македонскиот национален простор. За да го оствари тоа треба да ја добие подршката на сите соседни држави и да ја забрза интеграцијата во НАТО како гарант на територијалниот интегритет и суверенитет на Р. Македонија.
Клучен елемент претставува и интеграцијата на просторот внатре и во рамките на регионот. Прашањето е каде ќе се најде Македонија со реализацијата на патот на пара Виа-Игнација (Солун- Игуменитца) или пак по реализацијата на патот Драч-Морина (граница со Косово)-Призрен-Приштина-Мердаре према Ниш, што веќе се реализира или пак, до колку се одлагаше реализацијата на коридорот 8 што е се уште отворен проект?; колку ќе се намали значењето на коридорот 10 со изгрдабата на автопатот на коридорот 11 од Видин-Благоевград-Кулата кон Солун или пак со изградбата на Јадранско-јонската магистрала низ Албанија кон Грција? Засега е заборавен патот Велес-Прилеп-Битола-Лерин иако е внесен во картата на европските приоритети како алтернативно решение за насочување посебно на товарниот транспорт кон Атина. Се чини дека проектите во енергетиката тек допрва треба да бидат предмет на регионален развој. Територијалниот интегритет и суверенитетот на една држава не се штити само со декларираните политички ставови на државните органи туку пред се со нејзината економија и социјална стабилност. Кога станува збор за субјектите како носители на македонската регионална политика, тогаш се отвора прашањето за степенот на нејзината дисперзираност напуштањето на исклучивоста и монополот на државните органи во оваа свера, а посебно на водење на посебна регионална политика на политичките партиии. Комуникациите на невладините организации се далеку пофлексибилни отколку крутите класични државни органи или пак политикантските интереси на партите. Дисперзивноста на субјектите во градењето на регионалната интеграција на најдобар начин ќе ја трансформира политиката со соседите и ќе го отвори преминот од позиција на евазивен и стерилен баланс и пасивна еквидистанца која можеби имаше резон во некое друго време, кон политиката на целосна интеграција на регионот врз нови вредности. Но пред сето тоа, стабилноста и активната регионална политика е условена од стабилни внатрешни политички, економски и социјални состојби.
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.
Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.