• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0

Се чини како неспособноста да ги решава проблемите што самата ги создала е ендемско својство на македонската цивилизација: тој хендикеп ние потоа го третираме како менталитет, како навика заблудите и злосторите да ги трпиме како културни слоеви, како лузни на кои еден ден, белки, би требало да бидеме апсурдно горди. Ова горчливо сознание ме заплисна ненадејно, кога се соочив со сосем нови факти за германските урбанистички планови што биле изработени за полскиот град Освијенќим, во текот на 1940 година.

Моето изненадување беше толку поголемо кога дознав дека ова детално планирање на цел нов град – Аушвиц, не било за подоцна озлогласениот концентрационен логор, туку за еден модерен град, што требало да ги обезбеди тогаш највисоките стандарди на урбаното живеење!? Всушност, монструозната нацистичка машинерија испланирала сосем нов град што требало да биде населен исклучиво со Германци, откога, се разбира, ќе го отселела домородното полско население. Не можев да си поверувам на очите кога, „шетајќи“ по улиците од акрибично направената просторна макета на градот, здогледав внимателно обликувана централна плоштадка, на којашто доминираше зградата на скопската штаб-квартира на ВМРО-ДПМНЕ!?

Иста психопатија


Неверојатно: германските архитекти во нивниот град на иднината - Аушвиц, ја предвиделе локалната подружница на Националсоцијалистичката работничка партија на Хитлер, со потполно истата кичерска мегаломанија, истата нарцисистичка алчност за присвојување на јавните простори, и со истата „барокна“ психопатија што на партиската штаб-квартира ѝ става кула – камбанарија (без камбани), што доминира со сите погледи кон плоштадката!

Ме поплавија бурни и амбивалентни чувства: што бара македонскиот партиско-архитектонски споменик на (не)културата, во неостварените нацистички соништа на Хитлер? Или, обратно: што бараат нацистичките психопатско-архитектонски кошмари од локацијата на најголемата индустрија на смртта, до детаљ остварени во центарот на Скопје? Сфатив в миг дека, таа тивка и туберкулозна трпеливост, со која ги толерираме скопските споменици на Злото, е психосоцијална реалност што ја сликува длабочината на нашиот историски дебакл со ВМРО. Неспособноста да ја одзатнеме сопствената историска септичката јама, и да ги пуштиме да оттечат низ историската канализација фекалните споменици и другите културни материјализации на диктатурата на ВМРО; таа неволност, и болен недостаток на ентузијазам да се справиме со последиците од политичката и културно-историската катастрофа од минатата деценија; тоа не е последица – туку е попрво самата причина што вмровскиот културоцид воопшто и нè снајде! Ми стана јасно дека вмровскиот фашизам – како впрочем, и секој фашизам – не е само една самоуништувачка историска епизода, туку се работи за упорна и одвратно жилава појава, што секогаш ќе вирее на културата на меланхолична пониженост и разочарување.

А, културата на пониженост ВМРО со неверојатна леснотија и успешност ја одгледува сите овие 28 години, во најголема мера експлоатирајќи го македонско-грчкиот спор за името на нашата држава, како и фабрикуваните плачки за историското распарчување на нашата „света“ татковина. Оваа отруена состојба на свест се одгледуваше во библиската земја не само на компостот на неправедниот и асиметричен спор со соседот, туку и со сите општествени појави на пропаѓање и урушување – културни, економски и социјални, во кои сите ние – македонските ариевци од времето на Јура – обилно партиципиравме.


Заборавени фундаменти

Хроничната ојаденост и болната инфериорност, што почнавме да ги носиме на градите како ордења со кои се мери нашата македонштина, создаде душевна празнина и морален вакуум, што буквално ја вшмука утешителната митологија за „херојското античко-македонско доба на нацијата“. Митот за нашиот генетски предок Алехандро и неговите фаланги на македонски надлуѓе, стана душевна храна за обичните луѓе, додека кражбата на националното благо – како и кај сите фашисти - беше награда за „големците“ од вмровската врхушка.

Но, тоа бескрајно и деструктивно самовиктимизирање не може да произведе надеж и волја за градење на нашата посветла иднина, исто како што непрекинатото расчепкување на нашите идентитетски комплекси не можат да ни донесат ниту спокој, ниту рамноправна позиција во преговорите со нашите соседи. Заборавањето на идејните фундаменти на нашиот социјалистички државно-културен проект – просветителството, секуларизмот и универзализмот, и нивно заменување со политики на идентитетот, не само што нема да ни помогнат во нашите напори да му се приклучиме на семејството на европски народи, туку и бескрајно ќе го одржуваат инфериорниот ресентиман, што толку му погодува на вечниот вмровски фашизам. Одгледувањето на „болеста“ на вечни жртви, на подол и неприметен начин нè втурнува и во другиот екстрем – во психологијата на болниот што има само една желба, та и решението на сите проблеми почнува да го очекува од само еден лек: во нашиот случај – од приемот на земјата во НАТО. Тука, сигурното разочарување мораме да го пресретнеме, зашто НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, со криминализираното и корумпирано законодавство и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Сето тоа мораме самите да го решиме, а тоа е можно само со политика на дисконтинуитет во однос на претходната власт, а не со импотентен „легализам“, со кој само обезбедуваме легален континуитет со вмровското владеење, и – во крајна инстанца - го легитимираме злосторот од кој одвај се искорнавме. 

 

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

НАЈЧИТАНИ