• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0

На Фејсбук загатнав едно прашање поврзано со нашето име, презиме и „прекар“. Не, не мислам на името на државата, туку мислам на нашите лични, граѓански имиња. Се пофатија, разбирливо, како кленови. Но, да одиме со ред, драг Вотсоне! Социјализмот нè учеше дека „непријателот никогаш не спие“. А ако веќе месечари, ред е и ние да бидеме секогаш будни, да не нè затекне на спиење, па да нè злоупотреби од зад грб. Во меѓувреме, социјализмот прилично пропадна, ама тој дрил во нас остана, нема шанси да го истераш. Ох, да, и непријателот во меѓувреме се преквалификува, и тој ги следи трендовите: од душманот на работничката класа и оставштината од револуцијата, се преквалификува во душман на „народот“, „верата“ и – знаете веќе – се она што ни е најсвето (откако ни е свето ова, а не она).

Како и да го завртиш, старите прирачници за ОНО и ОТП би можеле да послужат: само ќе ја отфрлиш петокраката и ќе ставиш некој друг, „наш“ амблем што е актуелен во моментот, па терај; другото е исто, затоа што самата ментална техника сè уште совршено функционира. Што значи дека непријателот може да се појави на секое можно место, а најсомнително кај непријателот е тоа што воопшто не е сомнителен. Е, тука тој нè фаќа: ја злоупотребува нашата „претприемачка“ наивност, која сепак извира од нашата хередитарна добродушност, поради која веројатно се „бунтуваме“.

Презиме на тивок оган

Еве, да речеме вака. Изминативе години „вмроовци“ мене ме нарекуваа соросоид, „сдсмовци“ ме нарекуваа „Сорос“, моето презиме, пак, е на „иќ“ и многу луѓе ме прашуваат од каде тоа „Јовановиќ“. Кога ќе речам дека сум дете од мешан брак, мислам дека на луѓето малку им станува појасно: знаете она, мојата мајка е Македонка, а мојот татко Србин, се виделе, се вљубиле и испаднало дете. Обично така испаѓаат деца, знаете. А сега да почнеме со објаснувања, а оние што немаат нерви може слободно да ги рипнат овие редови (и нека земат да читаат рецепти!). А сега ние да повежбаме. Сакаме ли, дечиња, да повежбаме? Сакаме!

Имено, еве: Италија, Франција, Германија, Русија, Македонија... Би рекол човек дека тука нема ништо спорно, ама секогаш некој е – фала му на Бога – буден додека ние останатите неодговорно дремеме, па открил, измеѓу „детските“ тетратки, меѓу имињата на државите, и „Сорос“ и „името на државата Македонија“, без разлика што „секој добронамерен граѓанин знае“ дека Македонија е „лаичка држава“, сув испрдок, помалку од ништо, вистинска срамота за пресветлото светско државјанство, додека нашето „име“ не е ниту тоа; Македонија е држава колку што тегла со џем од јаболка e јаболково дрво. Па околу тоа се дигна некаква „џева“, работата стигна до директорот на школото, побарани се најостри мерки против гнасната непријателска агентура кои ваквите страшни вистини ги всадува во младите, невини и неотпорни. Замислете ги сега тие деца, на час по македонски, кога ќе ја усвојат таа кобна заблуда: кој потоа може да ги разубеди дека грешат?!

Потоа таквата приказна стигна до таблоидите и моето граѓанско име и презиме се печеше на тивок оган, а потоа оди ти убедувај се дека не си мислел ништо лошо, дека се работи за будалштина, оди потоа објаснувај дека сите тие поими ги поврзува тоа што се пишуваат со почетна голема буква (замислете, граматиката тука не прави никаква разлика измеѓу државите и, да речеме, личните имиња; треба да се испита и граматиката, не се тоа чисти работи) и на тоа слично.


Епска тупавост


Па, добро, ако граматиката е сосема рамнодушна спрема државниот статус на некое парче земја, ние не сме, бре! И „треба да му биде јасно секому“ (Ј. Б. Тито) дека нема тоа мирно да го набљудуваме! Ах, тоа слатко, малечко, дебелкасто ѓаволче наречено „секојдневен фашизам“ (Умберто Еко), како само тој љуби вакви ситуации... Не верувате? Само пуштете која било група што сочинува повеќе од еден член да игра во улогата „загрижен патриот“ и ете ти го него, ѓаволчето, ќе се протне во нему најзгодното место. Па, оттука, на гневните селанчиња ќе им пречи секое презиме, не што тој човек е можеби сè друго, туку важно му е што го нарекуваат „Сорос“; или пак, да речеме, можеби на учителот добро му стои да образува, да подучува, ама некако луцидно ќе забележат родителите дека работата со „Сузана“ стои лошо, мислам, онака вродено лошо, ако ме разбирате што сакам да кажам: „Срамота е некој кој се презива на ‘иќ’ да ги учи нашите деца“. Па оди сега разбери го ти тоа; дали би било во ред ако истото го каже некој што се презива „Јовановски“ или што?

Инфектот на „секојдневниот фашизам“, меѓутоа, детектира необичност, а тоа е исто што и „настраност“: таму некој „соросоиден“ или „басароиден“, некој-кој-не-е-наш, уште тука и ни ровари, и труе, ни ја цепе татковината дрско злоупотребувајќи ни ја граматиката... Таквиот инфект, се разбира, не е оптоварен со знаење: Јовановиќ е, точно, српско презиме, ако зборуваме право. Ама ни тоа не е важно: дури луѓето да носат „странски“ презимиња, што би значело тоа?

Во старите шпионски романи имињата на луѓето се, додуша, некако секси егзотични. Ама „секојдневниот фашизам“ обично не чита ништо: неговата епска тупавост го исполнува со гордост, затоа што го смета како отпор од лоши влијанија. 

 

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ