На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Има околу две, можеби две и нешто години откако на еден помалку важен портал забележав малечок текст за бизарен случај во Источна Македонија. Две жени, имено, седнале во автобус со намера да се префрлат од едно до друго источномакедонско место. Чудни ми чуда, ќе речете, ама жените имале сопатничка: отровна змија што ја носеле во тегла за потребите на некаква гатачка, кај која патувале, дали на некому да фрлат магија или некому да му ја симнат, кој на тоа да се сеќава, а и нема некоја „структурална“ разлика. И сè би поминало во совршен ред ако на некоја кривина теглата не им испаднала, се отворила, a змијата излегла надвор, шетајќи низ автобусот. Тарапаната што настанала можете да си ја претпоставите ако сте ја гледале „Змии во авионот“. Како и да било, тие неколку реченици ме фасцинираа, текстот го сочував, го испринтав за некоја не баш јасна причина; море да бидам искрен, тоа ми беше доволна причина за колумна, ама на крајот од тоа немаше ништо, го прегази моментот поради други, „поважни“ случувања. Не помина многу, се појави уште една, слична вест, со змиите, магијата и јавните превози во главна улога. И таа вест некаде ја сочував, како уште една „споредна“ бизарност. А тогаш бидна, како што типично оди во „повеќето добри“ сценарија, на ред дојде тоа вистинското, „трето случување“, многу посериoзно од претходните две: во едно велешко село, еден психички лабилен човек, повратник од „странство“ – тие краеви се инаку изразито гастарбајтерски – излегол на улица и убил пет луѓе, имено, првите пет што му дошле на нишан. Сега сите што го познаваат, говорат дека долго време бил опседнат со некаква магија, то ест, бил човекот убеден дека некои му фрлиле магија и дека му работат зад грб. А главниот „магиски“ извор на своите проблеми, изгледа, ги лоцирал во снаата од својот брат (!), која еднаш ја фатил „на дело“ како воздивнува... Следствено, оваа жена била негова петта, таканаречена „поентирачка жртва“. Со нејзината смрт магијата веројатно завршила со својата „опојна“ моќ.
Маргина на општеството
Ако е уште дозволено и политички коректно да се употребува „прогресистичка“ терминологија од времето на модернизацискиот полет, би можело слободно да се каже дека Источна Македонија е „најзаостанатиот“ дел на оваа земја; добро, можеби на југот економските прилики се исти или уште полоши, ама „културолошки“, Источна Македонија е приказна за себе, локален „Твин пикс“. И затоа на неа најлесно и се проектираат сопствените комплекси, означувајќи ја како Другост над која ќе се згрозуваме, како еден вид англиски џентлмени кои се над канибалското племе кое само што го откриле во прашумите од тамо-некоја-земја, всушност, само што ја откриле. Со други зборови, ваквите случувања покрај што ги задоволуваат „таблоидните портали“, таа љубопитна малограѓанска толпа, може да послужат како евтино изживување на „културолошката супериорност“ на публиката над „актерите“. Дотолку повеќе и самата приказна за оној несреќник што ги потепа сите оние луѓе, и кои медиумски е „коптиран“ како „првиот македонски масовен убиец“ – хм, а знам за еден што потепа далеку повеќе луѓе, додуша не со свои раце – таа пак приказна, несомнено е „многузначна“. Од една страна, човек навистина може комотно да очајува над тоа дека тука некаде, непосредно во негова близина, постојат луѓе што веруваат како светот почива на „магиски основи“. Читајќи за оние луѓе што патувале со змијата – а не со смрзнат лосос, како Умберто Еко... – се прашувам дали некогаш помислиле дека е крајно чудно што, ако магијата е нешто реално и така влијателно на земските работи, автобусот со кој патуваат до својата омилена бајачка бесмислено арчи бензин и ја загадува околината. Зарем не би било далеку проактивно ако шоферот – после некое време откако ќе ја помине обуката во училиштето Хогвортс или како веќе – да промрмори неколку магични зборови, после кои автобусот ќе се трансформира во крилест „Годрик Грифиндор“, кој за момент ќе ги разнесува своите патници тамо-кај-што-треба? А возачот евентуално ќе додава гас благодарение на својата уста „брррм-брррм“, токму онака како некој занесен „Министер за магија“ кога ќе седне занесено на седиштето од татковиот автомобил. Сепак, велам, сето тоа е маргина на едно општество, лишена од образование, општествена моќ, влијание, што било. И така поминува и нивниот „живот со магијата“: во распон од фолклорно-колоритен до апсурдно-трагичен.
Магиско мислење
Што да се прави, пак, со магиско мислење кое ќе се закотви во самото срце на системот? Што ако сериозни, одговорни, образовани и просветени луѓе водат нешто „налик“ на „магиска политика“, и за тоа имаат поддршка од „квалификуванато“ општествено мнозинство? Начинот на кој се, да речеме, актуелната македонска елита се однесува према „проблемот со името“ има јаки контури од магиско мислење. Често ќе слушнете од владејачките кругови дека „проблемот со името не постои“, оттука се изнедрува прастариот страв од „дејствието на зборови“; со други зборови, „поетот“ на овие редови ќе рече дека само тоа решавање на името нема да не однесе никаде, ама без тоа ние како народ немаме никаква шанса со другите народи. Решавањето на името е само почеток за влез во нешто ново, поинакво. Ама и таквото баење е застарено, односно непотполно: денес дури и „поетот“ – а камоли и ние останатите смртници – мора да кажеме дека „проблемот со името“ е нашиот непотполн национален елемент, спасоносна лозинка, која демек ако ја изговориме доволен број пати, на таков начин ќе ја заштитиме прастарата „Македонска колевка“, додека пак, ако ја зборуваме само поединечно како Македонија, некако веруваме дека ќе ја изгубиме, како некаква врста од перманентно прободување на вуду-кукла... Оној бедник од велешкото село ќе биде казнет и ќе страда за своите злосторства, на овој или оној начин, ќе страда поради своето лудило, ама „магиското чувство за светот“ ќе продолжи и натаму. Како да не продолжи, кога никој не го запира? Сè околу тоа знае и оној негов земјак, кој сега трајно се одмара под липите, само засега под судските липи: и тој љубеше да испушта магиски согласки и самогласки, знаете, оние од кои излегуваа „убиства со предумисла“. Затоа што тој не мораше тоа да го прави лично, на располагање му беа сите оние што ќе се „помачат“ наместо него.
(Објавено во „Слободен печат“)
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.