На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Така некако – како насловот – би можел да се нарече актуелниот миг во македонската култура, односно овој месец февруари кој што (традиционално) се претвори во месец со кој што всушност започнува културната година, заради простиот факт што токму тогаш се објавуваат резултатите од распределбата на државниот и градскиот (скопскиот) културен колач. Не знам зошто се’ уште мислиме како пуфлана дека годината започнува во февруари? Не можеме ли нештата околу тие конкурси малку да ги забрзаме па резултатите – тоест (се’ уште) трошките што им се даваат на културните корисници – да им ги соопштиме на 31 декември? Или на 1 јануари, па секој да знае дали во годината ќе остане (комплетно) гладен или ќе добие некоја дребулија со што ќе си го залажува системот за варење? Се разбира, со оваа констатација не се побивам себеси во однос на претходните текстови, кога пишував за оние „културопомазани“ од нечија рака кои добиваат се’ што ќе посакаат. Таквите се сепак малку. Ама – ги има! Што и не е така лошо. Секогаш таквите ја потврдуваат тезата дека во културата има(ло) пари, ама не за сите. Но и не само таа теза. Ја потврдуваат и старата изрека дека пари има ама треба да се знае како да се земат. А оние малкумина изгледа го имаат клучот, или рецептот. Играат како мечки кај сите власти. Иако мислевме дека сега ќе биде – поинаку!
И ако јас, заради некаква пристојност, или можен конфликт на интереси (што нема врска, нели, ама ајде) не треба да ја коментирам националната програма во културата за оваа година, ништо не ме обврзува да (пре)молчам во однос на т.н. градска програма! Или, ако кажам дека нема некоја голема разлика, ќе бидам ли непристоен? Којзнае!?
Како и да е, во однос на распределбата на средствата во културата, очигледно е дека некои базични принципи во Скопје останале исти. На пример, парите – не баш така мали – да се распрчкаат на што поголем број корисници според принципот секому по малку, веројатно со идеја дека така сите нема да бидат презадоволни, ама нема ни да се чувствуваат онеправдани. Па така, ако сте направиле некаква своја (релативно реална) буџетска проекција и сте побарале, на пример, 300.000 денари, „великодушно“ ќе ви дадат 60.000 денари! И што да правите со тие пари? Можете да се сликате, ама бидејќи културњаците во принцип се тврдоглави, ќе се обидете да рационализирате, да питачите, да кратите … и сепак нешто да направите и за тие бедни 20 отсто што некој се смилувал да ви ги даде. И околу таа сума се вртат поголемиот број финансирани проекти. Или, на еден познат скопски филмски фестивал му даваат „цели“ 100.000 денари! Бреее, биле шорокораки. Никако не научивме дека во културата не важи минималистичкиот принцип „помалку е повеќе“, барем не во однос на квалитетот. Не важи ни обратниот принцип: дека „повеќе е подобро“ ако е применет во однос на бројот на корисниците. Зашто тој принцип кој што форсира квантитет а не квалитет упатува на отсуство на стандарди и критериуми во финансирањето. И неумеење да се определи што е вистински квалитет. И приоритет! Па така, од минимум до максимум, ама пари ќе добие и една гимназија за некаква „Завршна изложба на учениците од меѓународна матура“, па самостоен уметник за ТВ емисија (?), па неизбежниот „ИКОН“ (како игра со сите власти, да се чудиш!) за само една изложба колку и спомнатиот филмски фестивал, ама затоа Интернационалниот стрип салон „Скопска стрип акција 2018“ ќе добие пишливи 20.000 денари, па ќе видите дека ОСТЕН одеднаш се претворил во водечка македонска институција за ликовна „уметност“, итн. Или, дури, некому му текнало да го спои неспоивото – на пример Родољуб Анастасов и Илија Аџиевски во графичка мапа – и за тоа се нашол некој да му даде дури 150.000 денари! Тоест цели 50 отсто повеќе од парите за еден меѓународен филмски фестивал, или седум пати повеќе од Интернационалниот стрип салон!
Ама не е сè баш така црно – добро, не е токму црно, ама сиво сигурно е, што повторно не е добро – зашто меѓу корисниците има и такви ајкули кои пливаат грбно со сите идеологии, со сите власти, со сите „стандарди“ и „критериуми“. (Добро, не се баш ајкули, повеќе личат на крапови и мирисаат на тиња, ама нејсе). И секогаш се – приоритет (како веќе спомнатиот „прочуен“ ИКОН). Или, на пример, фамозната Дирекција за култура и уметност (онаа истата која што со манипулации отиде дури во Венеција!) која со едномесечна работа живее цела година; па „џезерон“ на пуфлата, кој така здушно ги поддржуваше нејзините културни акробации се офајдил со цели 700.000 денари; па пак Милчо „национале“, овојпат со книга фотографии, зашто тој, нели, е (покрај другото) и најдобриот македонски фотограф; па повторно „неодминливиот“ Омер Калеши со којзнае која по ред изложба во изминативе години, итн., итн.
Во кафе муабетите луѓето коментираат дека барем сега, кога ги нема повеќето од оние преваранти на злосторничконо здружение и нивните договори во културата, (сепак) се надевале на нешто повеќе од трошките од буџетскиот колач. Добро, и трошките заситуваат кога си гладен. Ама не можеш цел живот на трошки. А други – на скара и колачи! Секој ден, секој месец, секоја година. Па има ли доста, некогаш, (и) за таквите? Иако, всушност, и нивниот дел не е којзнае колку голем зашто и тие се потонати во општото сивило на „распределбата“ според (сè уште) квазисоцијалистичкиот модел: секому по малку, некому повеќе.
извор: Теодосиевски уметност
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.