• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

Сè уште не можам да се изначудам колкава прашина се крена околу „фамознине“ 200. И мислам: ех, да ги имавме толку од 2008 наваму, кога навистина беше потребно да се (пот)пишува! Нејсе. Добро, ги разбирам и реакциите, односно мотивите за истите, не можам да не се согласам и со Ордановски, се разбира, зашто во која тоа земја не можете да најдете 200 будали кои не би се потпишале на еден лист хартија, особено под таква (божем) горлива тема што ги вежба нивните (квази)патриотски чувства? И, како што вели тој, да не ти даде Господ да се разминеш со некого од нив на улица, или да ти седне на маса да пие кафе, или да го сретнеш во библиотека, на пример. Како библиотекарон, кој со пет минути во земјава, три книги но и три илјади слатки национал – шовинистички баљезгарии стана академик. А пусти Гиче се крстеше во него, дури веруваше дека овој знае(л) нешто и за сликарството па го викаше да му отвора изложби! А овој, како впрочем и сите тие академици од таа сорта, знае за сликарството / визуелната уметност колку магарето за музика. Та дури магарето и полесно ќе го научиш. Оние нашине мислат дека сликарството сè уште е на нивото на деветнаестовековната импресија, па трескат ли трескат ко „Максим по дивизији“. (Зашто сите српски ѓаци, нели!). И кога ќе тргнеш од тоега, па онаа со двата и половина „фејсбук“ гласови за претседателка, па оној умисленион „шал-амбасадор“ … се’ кој до којега (а може и понаку!), па човек стварно не знае зошто толкава викотница по потписите на еден грст медиокритети кои постојано си се пронаоѓаат во некои такви идиотлуци глумејќи загрижени патриоти?

Што се однесува до мене, јас да сум власт, би им понудил улица и неколкучасовна поддршка на меверето да си организираат мирни демонстративни прошетки низ главниот град. И низ онаа нивна љубимаја „архитектонска“ конфигурација наречена Скопје 2014 во централното градско подрачје. Мислите ќе излезат? Бог да чува, таквите глувци грицкаат на ситно, се’ се тоа ебиветри и шушумиги со петиции и потписи, па малку на фејсбук или некоја телевизиичка – а такви, богами, кај нас, ги има едно чудо. Не се оние за пред народ, за на улица. Та нели се – интелектуалци? А всушност, цело време мислам дека само заради тој збор и ја направија оваа скаламерија со потписите. За да видат како ќе ги нарече власта. А овие – оп, ко кленови: 200 интелектуалци! Кои црни интелектуалци, овие само поминале покрај тој поим. Нека одат во една блиска балканска земја да видат како интелектуалци лежат доживотна робија заради политички ставови кон власта!

И впрочем, таквиот тип „интелектуалци“ се по правило помалиот проблем на оваа земја. И секоја друга. Не велам најмалиот, ама – помалиот. Зашто тие ни имале ниту имаат идеологија и цел, морал и принципи, став и смелост. Тие се – куплива и кварлива роба, а од такви никој никогаш немал којзнае какво фајде. А овие особено или барем поголемиот дел потпишан на тоа парче хартија – е дополнително оптоварен со желбата за власт и демонстрирање на истата на сите можни начини. И бидејќи никој не ги игра – ајде да се потпишуваме! Ние поголем, или најголем, проблем имаме од оние другите, оние кои ги има многу повеќе од 200, ги има дури 2.000 и полека заседнуваат на важни или помалку важни места – нека е и претседател на некаква пишлива конурсна комисија – кои понатаму се впишуваат во книгата на власта и ползат нагоре. Полека, ама сигурно! Веќе утре пишливата комисија преку која што доделиле пари на секој циркузант во земјава станува малку позначаен одбор, па уште позначајна комисија итаканатаму, а гнидите се искачуваат по скалилата на власта оставајќи ја вообичаената лепешкина трага зад себе. А таму ги буткаат некои други гниди, буткани од други гниди … и се’ така до бескрај. Се фалат дури и со докторати во Ниш! Во целото замешателство упикани се и најистакнатите пулени на пуфлата, на шаткестоно чудовиште – особено во културата – сега во улога на тројански коњи. И (сè уште) скришно, но полугласно, ветуваат враќање. А власта ги прифаќа, оберучке, што би се рекло, им дели незамисливи за наши прилики „бонуси“, како да немаме и млади стручни луѓе кои треба да добијат државна поддршка. Пуфлана ставаше домаќинки во Музејот на современа уметност, да плетат и „медитираат“, сега такви слични не’ претставуваат во меѓународни организации, да дремат и коват гооолеми „планови“; луѓе без биографии (повторно) стануваат фактори од кои ви зависи кариера, творештво, проект, идентично како и во режимската кадровска „политика“ на најнационалната партија.

Оттука, оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра која веќе никого не би требало да возбудува, дури и кога говори за „големи“ теми. Ние имаме проблем со малите – и луѓе и теми – кои делуваат „под житото“, ја дотолчуваат и онака уништената култура, ги доразнебитуваат македонските институции и нивниот кредибилитет во странство. Веќе не знаете кој кому враќа, и за што, кој кому се’ му должи, и колку, и на кој се’ начини гнидиве ќе си ги враќаат и надоместуваат долговите врз грбот на македонската заедница. Тоа се нештата што мора да не’ плашат, а не писанието-пачавра на оние 200 слепци!

 

извор: Теодосиевски уметност 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ