На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Со сета почит кон апелите на владата на Зоран Заев да ѝ се даде бланко поддршка во преговорите за името, сѐ до промоцијата на финалното решение – а тоа значи и воздржување од материјална расправа за предлозите, расправа што би му наштетила на процесот – би сакал да се обидам вниманието на нашиот преговарачки тим да го насочам кон една друга можна преговарачка тактика.
Имено, станува сѐ појасно дека Атина упорно инсистира новото компромисно име на нашата земја да биде за сите употреби (да, дури и за домашна употреба) и во таа насока да се измени Уставот. Дали има подваријанти на оваа максималистичка позиција на Атина, кои би ги доближиле двете страни до решение? Не знам. Всушност, можно е да се изведат, но идеите околу тоа ќе ги задржам за себе. Засега е поважно да се забележи дека тврдата позиција на грчката дипломатија сугерира заклучок дека Атињаните не се под жесток меѓународен притисок да го решат спорот, како што се веруваше и се говореше. Спорот за името сепак е првенствено домашно политичко прашање во Грција (сега и во Македонија) и во таа смисла тврдокорноста на грчките преговарачи е разбирлива. Оттаму, би се осмелил да кажам дека нашата дипломатија мора да размислува за план Б за окончување на оваа фаза од процесот. На тоа ме упатуваат и изјавите на Заев, кој прво беше оптимист дека спорот ќе се реши до март-април, сега зборува за јули, до Самитот на НАТО, а мислам дека наскоро ќе почне да говори и за октомври-ноември итн.
Затоа, предлагам нашата страна да ја напушти тактиката на неиницијативност и сосема спротивно на тоа, да покрене иницијатива за минимален можен напредок во спорот, напредок што ќе обезбеди брз прием на Македонија во НАТО (за што не е потребен самит), но не и почеток на преговорите со ЕУ. Конкретно, нашата дипломатија треба да предложи решение за дел од пакетот и да понуди меѓународно-правни гаранции (значи, меѓународна спогодба со Атина) дека ги продолжува разговорите до финално решение на спорот. Се разбира, таквата иницијатива треба да биде силно поддржана од САД и од Европската Унија. Сѐ повеќе сум убеден дека без нов робустен притисок на меѓународниот фактор, Атина и Скопје сепак нема да постигнат договор. Ако се усвои едно вакво решение, Македонија ќе стане втората земја која би била членка на НАТО, но без почнати преговори за членство во ЕУ. Првата земја е Турција. Разликата меѓу нас и Турција е што Македонија сака и мора да се обврзе да ги продолжи преговорите со Грција со интензивно темпо, за да ги оствари своите аспирации да стане членка на ЕУ.
Имам впечаток дека оваа тактика може да биде прифатена и во Атина, бидејќи за владата на Ципрас таа ќе обезбеди делумна сатисфакција и што е најважно, двете страни ќе продолжат да градат добрососедски односи, кои во скора иднина можат битно да го сменат амбиентот за прифаќање на финалното решение. Се разбира, сето ова под услов македонската иницијатива да се води искрено, паметно и прецизно.
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.