• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Не се согласувам со сѐ што кажа Владимир Милчин во интервјуто на телевизија Телма. На пример, не се согласувам со сите негови „црвени линии“ во спорот за името. Но, девет десеттини од она што Милчин го кажа, како остра, но искрена и другарска критика до Заев и до СДСМ, е жива вистина. Тоа се пораки кои ги потпишуваме и јас и многумина кои сметаат дека власта треба да работи многу поодговорно и попосветено, пред сѐ на домашен план.

Со Милчина се знам долго, безмалку три децении, а интензивно соработуваме и се дружиме повеќе од две децении. Владе умее да биде бескомпромисен во ставовите, понекогаш дури и груб во експликациите, но верувајте, тогаш ми е најдраг. Тогаш кога без скрупули, отворено и директно, а и јавно, ќе рече – со Геро за ова се согласувам, ама за ова не се согласувам. Неговите критики се драгоцени, бидејќи доаѓаат од човек кој не е лицемер и затоа ме обврзуваат да размислам по втор пат, да се посомневам, да се преиспитам. Дури и да не ја прифатам неговата критика, таа врз мене влијае.

Според моите критериуми, кои се високи, во земјава има најмногу десетина луѓе, чија критика, кога јас би бил премиер, со задоволство би ја слушал. И баш така како што конструктивно предлага Милчин, би формирал еден тинк-тенк, би ги собрал тие драгоцени луѓе и од нив би барал совети, идеи и предлози за најважните политички прашања. За спорот за името, на пример. Јас би одлучувал, не тие, но би сакал да ги слушнам нивните мислења и аргументи.

А што се случува кај нас? Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, кои ја формираат перцепцијата за нејзиното дејствување, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Замислете каков безобразлук! Е, драги мои социјалдемократи! На кое дереџе сте спаднале! Владимир Милчин да не го почитувате. Неговата огромна помош за вашето доаѓање на власт да ја заборавите. Да не го викнете да го прашате за мислење, или барем за здравје јуначко. Срам и арам да ви е!

И не прифаќам никакви одговори, всушност изговори, од типот „не е до Заев“, не е до нас, тоа се некои луѓе кои не се под наша контрола... Нееееее! Вие јавно ги факторизиравте маоистите. Ги претставивте како дел од интелектуалната заедница која треба да биде информирана и прашана за најважните државни работи. Покажавте тие дека тие се под ваша контрола. И дека ви се поважни од еден Милчин. Значи, до вас е!

ПС. Се извинувам за идиотскиот наслов, овој со „бомбата“, ама го ставив намерно, бидејќи ми кажаа дека на Илинденска бб обожувале такви наслови и такви текстови многу читале, а некои такви дури и самите пишувале. Па си реков, јеби га, нека биде „бомбастично“. Ако мора...

 

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ