• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0

Европската офанзива во Македонија (Меркел, Јункер, Хан, Вајгл и неговата тројка) говори дека нашата вукојебина има некоја магиска моќ и значење. Не гледам со што друго ние ги заслужуваме овие европски амфетамини и стероидите со кои нè клукаат во дисциплината скок во височина од балканскиот гроб!

Не е дека и самите не гребеме по калливите ѕидови на дупката. Но, оценките се над нашите остварувања. Ќе почнеме преговори со Европската Унија, ќе нè примат во НАТО, ќе ни дадат пари и техничка помош да го отстраниме дефектот во бојлерот кој, еве, толку време, не ни работи.

Валкани сме и смрдиме. Меркел да строи војска пред Заев. Тоа е тоа јаже. Не за Заев, се разбира, туку за Македонија. А не и само за Македонија. За Европа.

Горд сум што од оваа дно на кое се наоѓам можам да видам толку спасители на врвот на дупката. Хахаха!
На месото на Александар, Шилегов би требало да посади Гинко Белупо, хахаха, тоа е добро, затоа што тоа дрво ја носи со себе и димензијата на Европа. Но, не знам дали е спремен на столбовите во околните згради и зградурини да постави плочи со текст „Плоштад Европа“. Или мостот „Гоцев Делчев“ да го прекрсти во „Мост Америка“!

Мисијата на Заев

Заев не е човек што ја потчинува стварноста на себе ниту себеси се потчинува на стварноста. Повеќе би рекол дека се труди да ја разбере и да ја хармонизира неа, таа стварност со светот и со модерните стандарди. Тоа е неговата величина. Таа хармонизација не секогаш оди со посакуваното темпо, но оди, тоа е најважно. Има некоја благородна идеја во неговата мисија, која може да се препознае дури и зад грешките што се множат толку многу што понекогаш ни се јавуваат како цел еден систем.

Најавената реконструкција на Владата не е политички рефлекс, туку е чин на длабока промисленост и на идејата да се менува стварноста така што ќе се хармонизира, не со неа туку со благородните импулси што стигнуваат од животот. Политбировската структура мора да отстапи пред потребата од мобилизација на сета памет и енергија за совладување на модерните предизвици. Неговите образложенија се обединувачки, а не пресметкувачки.

Ги има сите наши адмирации. Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради.

Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите. Драго ми е што оваа магнетна резонанца на македонската политика е изведена во лабораторијата на кафето „Корзо“, лично од примариус доктор Владимир Рафајловски и неговата симпатична екипа.

Тоа што идентитетот се гради, не значи дека не постоел, се разбира, тука не станува збор за некаква гринфилд-инвестиција, околу тоа прашање нема смисла да се расправаме со патриофилните лудаци од ванковистички или солзастичен и вмроистичен, тоест, исти курац тип, ниту пак значи дека тураме нови отпорни слоеви врз идентитетскиот јунфер на нацијата во сарајот на вмронските султани, не, тоа само значи дека наместо опинците од свинска кожа, на детето му обуваме убави зимски чевли, тоа значи дека идентитетот го развиваме, дека го издигнуваме на повисоко ниво, дека од опиеноста со статусот на жртва, се обидуваме Македонецот да го поместиме во класата на победниците (Фрчковски), колку и да се чини дека е тоа невозможна мисија, дека се обидуваме македонската мравка да ја качиме на грбот на европскиот слон, а не да го играме „Тешкото“ под неговите нозе со Мицковски качен врз тапанот како Груевски што се беше истопорил врз антиамериканската гајба.
 

Заробен ум

Зошто е тоа така!?
Затоа што конфликтот околу името е последната битка меѓу македонскиот патетичен шовинизам, меѓу македонската лажна историска легитимација и искривена културна матрица и тоа што го викаме нормалност. Името е Ватерло на кое европската коалиција на модерноста ќе ги смачка умислените наполеончиња на оние што ги згазило времето. Тие што преку темата за името ја реализираа својата мисија за деконструкција на Македонија и оние што се лепеа за првите во своите ванковистички трактати на заробениот ум, не задолжително и злонамерен, се разбира, но по пласманите и импликациите, злонамерен што позлонамерен не може да биде, ќе бидат тргнати од масата, не како решение на која било инстанца, туку како решение на времето, ќе изумрат како дуносаурусите, меѓу другото и поради диспропорциите на телата, главите и апетитите и неадаптибилноста на променетите околности.

Ќе останат без тема како диносауруси без трева.

Не сум сигурен колку таа ориентација е плод на освестеноста на македонската политичка елита во власта, но знам дека процесите водат кон таков исход, така се подредени релевантните интереси, имаме објективизација на процесите, ништо не зависи од фолклорот на комитите и од кој било друг фолклор, се разбира, независно од циркусантските напори на ВМРО-ДПМНЕ, на политичката дијаспора и на разретчените формации на домашниот примитивизам. Крај.
 

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа

Македонија излегува од илинденскиот циклус. Тоа е суштината на идентитетските импликации. И од својата асномска реализација. Тие две фази се важни во нашата државна и национална реализација, но на крајот се манифестираа и во сиот свој ограничувачки и дури, би рекол, самоубиствен потенцијал.

Илинден и АСНОМ ќе останат политичка историја и митологија, но политичките критериуми што ги наметнуваа тие елементи се исцрпени. Градејќи го идентитетот низ овие процеси, Македонија мора да изгради свест за вистинските димензии на оваа трансформација на повисоко ниво. Нашата нова реализација нема да ја темелиме на Гоце и Даме, на четите и на Ќосето, на ВМРО, на славните јунаци што станале од гробовите, затоа што тие работи се овосочени во сојата вистинска односно лажна димензија. Јас верувам дека ќе дојде денот кога комплетната коњичка репрезентација на чело со Делчев, ќе ја тргнеме од јавниот простор! Јас така го разбирам светот, хахаха!

Македонија е најмалку лошото решение, а тоа значи дека сè уште е најдобро. Оној момент кога домашната јавност и светот разбраа дека со одбраната на името вмроните не го бранат идентитетот туку свесно и систематски ја растураат Македонија, беше решено трајно да се отстранат од власта. Еве го мојот статус од фејсбук по тоа прашање: Никогаш, под никакви околности, во која било форма и на кој било начин, демократски, насилен, крвав или посран, преварантски, магиски, земски или вселенски, ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати на власт во Македонија. Се разбираме ли? ВМРО-ДПМНЕ:Македонија, фикс двојка. Засекогаш! Крај!
Разбраните луѓе ќе знаат да се ориентираат врз основа на овој компас, кој категорично покажува кон каде треба да тргнат ако сакаат да отидат у курац и обратно! 
 

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ