На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Актулената пост-политичка ситуација типизирана со високите очекувања и длабоки разочарувања, контрадикторно е, но, истовремено, таква е благодарение и на медиокритетската јавност која несомнено го перпетуира тоталниот идеен вакуум и отсуството на елементарна политичка страст – нужна за динамизирање на животот. Но, токму тука, имено, кај разочарувањата треба да се согледа можноста - за надминувањето на политичките илузии и за артикулирација на таканаречените изневерени очекувања односно, тие да се прилагодат на проценките, соодветно. Со други зборови, оваа магла не е толку густа како што навидум се чини, туку контроверзно ја отвора можност за дејствување! Значи, јавноста наместо да делува збунето и уневерено и ниту на мртво да плаче, ниту на живо да се смее, да тривијализира со крекање како жаба во бара, а претставена од сите тие медиокритетски тези и фаци, ќе мора да се совземе, да се консолидира и итно да дејствува според приоритети! Можеби, дури и во нов формат, како оној во пост-белфастшка Ирска, имено во Цивилен Форум. Другари, Ве молам, ниту е, ниту смее да биде задача на Заев и тие што се кооптирани во власта, да ги организираат оние од „надвор“, туку тоа е задача, токму на рестото што не се апроприирани и усисани - оние кои останаа од другата страна, оти власта е тука за да извршува, а не и да ја организира конструктивната критика! Затоа, велам, јавноста, мора да ја покаже таа зрелост и да забави со медиокритецијата и малоѓранските тези и фокусирано да притиска – не против власта, туку за остварување на реформите! Мора да се знае, исто така, дека ресторирањето на правдата ќе оди многу споро, а тоа треба јасно и многу гласно да биде кажано и покажано од властите. Пошироката публика имено, мора да биде запознаена дека дишиме на респиратор за да преживееме, а не да подлажува со сликички на фејсбук од тие блазирани ракувања, ве молам! Ова дотоку повеќе, што ако разочарувањата продолжат да се продлабочуваат, постои сериозна опасност експресно да бидат ушмукани во опоцизионен отпор кој во услови на нестабилна коалиција може да подразбере и организран отпор, но овој пат под раководство на мафијата! Со ова не смее да си играте, мора да објавите јавно каква е ситуацијата реално, а да внимавате тоа да не изгледа патетично! Медиумите, исто така, и покрај тоа што навидум се либерализираат во поглед на дивезитетни мислења и ставови, очигледно, дека се продукциски ЛЕЈМ, другари! Дебати со сомнителни авторитети и тези, едни исти закоравени метузалеми и темите кои немаат врска со приоритетните – со чест на ислклучоците!, сè уште една карика која го овозможува постполитичко удобно мртвило. Разузнавањето и надзорот, на пример, иако се фаза ремонт, но јавноста наместо да рика околу ова, иницијација зеро. МВР и Оливер, самите се погласни од општата јавност! Зар е можно бе луѓе?! Се бави ли некој, слично, таргетирано со назависните контролни механизми, да прашам исто така или за процесот на департизацијата на институциите и за статусот на конвертитите во нив, проблемите со шурувањата на пример? Да скратам, динамизирање и повторно политизирање на јавноста по однос приоритетите е нужност, оти во спротивно, имено, во услови на ваква анти-политучка ситуација не може да има прогрес. Доколку повеќе што и самата можност за динамизација на јавноста е под закана експресно да биде киднапирана од мафијата, но тогаш другари, нема Заев да биде крив, туку тие од другата страна!
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.