На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Со оглед на легитимната дискреција поврзана со преговорите за името, какафонија во јавноста околу нив е за очекување. Иако, ми се чини дека помеѓу сите тие разни гласови и мисли за името, еден аспект, си доби заслужено внимание од јавноста. Тоа се релациите меѓу поимот на националост (nationality), идентитет и државјанство (citizenship). Сепак, во врска тоа, не се дообјаснија некои елементарни одредници. Имено, мора да се знае дека, националноста (nationality) конотирана во пасошот – универзален документ за меѓународна употреба, не е таа што го дефинира идентитетот на еден народ, туку напротив, го дефинира државјанството на носителот на пасошот. Односно, стриктно се однесува на правната релација помеѓу носителот на пасошот што го реализира своето државјанство или каде носителот на пасошот го ужива својот граѓански статус врз основа на своето државјанство. Значи, националноста - nationality во пасошот, не го сугерира идентитетот – а особено не како ексклузивен јадровит аспект на колективното себство на еден народ, туку го означува местото на државјанството, или, во која држава граѓанинот има статус на целосен граѓанин. Оттука, оправдано се вели дека националноста во пасошот нема директна врска со идентитетот на народот. Но, за нас ова е уште поважно, заради мултикултуралната и мултиидентитеската реалност, дека нашата социјална реалност бара националноста во пасошот да не биде ексклузивистички аскрибирана, да не биде исклучива, односно да не биде само и единствено – македонска, бидејќи на овој начин ќе ги исклучи другите групни културни идентитети кои не се идентификуваат како македонски (албански, турски, српски, бошњачки, ромски и други). Со други зборови, елеганцијата на едно идно решение ќе треба и ова да го земе предвид, односно инклузивно да ја концепира на „пасошка“ националност, која не би смеела клаустрофобично да конзервира само еден идентитет - македонски, т.е. ќе треба да признае постоење на целосен граѓански статус за сите граѓани на земјата и можеби да се размисли за варијацијата како на пример во британскиот пасош (nationality: British Citizen), чешкиот пасош (nationality: Czech Republic), американскиот пасош (nationality: United States of America) или други слични примери. Оти да зборуваме за националноста во пасошот како за етнонационалност е размислување типично за еден радикален наци-републиканизам, кој што е непримерен на мултикултурните околности на 21 век. Исто така, расфрлањето на ангро со фразата erga omnes, ќе треба малку да се успокои и, да се упристоиме околу таа фраза, впрочем, од причина што се однесува на мултилатералните последици од евентуалниот договор. А тоа е на крајот. Не е на почетокот од решавањето на проблемот. Или, за јавната расправа на тема „еrga omnes“, ми се чини не е дојдено време, оти сѐ уште не можеме да кажеме дека преговорите за името се затворени. Оттука, и сето ова што се проблематизира во јавноста, мора да добие своја форма, но уште поважно, прашањата треба да се актуелизираат согласно временска динамика и согласно градациите во приоритетите поврзани со решението, а не обратно. Ние не можеме да расправаме сега за референдум и за ерга омнес, на пример. Секое движење наопаку во јавните расправи и актуелизирање на последните во ред прашања, е ас во рацете на саботерите, а мора да признаеме дека слични последици создаваат и инстант рективните коментари, на ниво на Павлов рефлекс во јавноста, и рипање на секоја една бесмислена провокација (барања за уставни промени – SO WHAT?; ако барале не значи дека ќе добијат) или не се јаде сѐ што лета, другар(к)и. Слично, доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите? Се разбира, ова е само еден аспект поврзан со актуелните преговори, и со ова, темава невозможно е да се исцрпи. Но, ми се чини, во моментов, добро е, доколку некој си дал задача да ја сензибилизира пошироката јавност тоа да го прави структурирано а не „кому иде“. Во спротивно, уште повеќе ќе се мобилизира енергијата на клаустрофобичните идентитети кои ќе ја задоволат социјалната параноја поврзана со членството во НАТО и томе слично.
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.