• 27 декември 2024
  • Вести денес: 0

Весело друштво,

проблемот на нашето здравство, не е поврзан со д-р Венко Филипче himself, туку со фактот дека јавното здравство е паднато на колена наспроти приватните клиники и здравствениот туризам кои тие го нудат. Односно, проблемот на здравството треба да го бараме во неговото намерно неолиберално ПОПАЗАРУВАЊЕ и консеквентното КОМОДИФИЦИРАЊЕ на нашето здравје, според кое здравјето добива своја цена. Нашето здравје, другар(ки) денес, е ОБЈЕКТ на политиката, а оттука, здравството се претворило во јасна инстанца на авторитарна и коропоративистичка биополитичка интервенција – за која со сигурност знаеме дека нè води во смрт.

Илустративни примери има безброј кои потврдуваат дека ова е така: бројката за годишниот помор на бебињата; масовната употреба на антидепресанти; набавките за непроверени анти-канцерогени вакцини –џисз крајст; фалц-лекови; провизии од тендери; итн.

Уште повеќе, да Ве потсетам и на една значајна секвенца која безмалку ќе ја реализираше со минатата власт - имено, обидот за креирање на слободна здравствена зона која ќе врши дејности во рамките на постоечките здравствени капацитети но вон меѓународна регулација! За среќа, овој криминален обид беше инвалидизиран во стартот, и не се случи, но за жал, здравството сè уште клечи на колена.

Оттука, велам, не е Филипче оригиналниот проблем, туку можеби е последица од пазарната логика која стои позади концептот на јавното здравје и затоа потребна е целосна реконцептуализација на принципите на кои ќе се темелат здравствените политики.

Оваа влада, конечно мора да донесе одлука - дали тие реализираат политики засновани на идеите за редистрибутивна правда – или не, т.е. дали даноците кои ги плаќаме сите за здравствено осигуруравње навистина ќе можат да осигураат од „ненадејнa“ смрт по болничките ходници. Оти сите ние кои плаќаме даноци, не ретко одиме на лекување по приватните клиники. Со други зборови, секоја социјална држава (wellfare) и секоја социјалдемократска влада ќе мора да го овозможи концептот за подеднакви и квалитетни здравствени услуги за сите без разлика на личните приходи. За ова, пак, да профункционира, ќе мора да се приоритизираат јавните а не приватните здравствени установи.

 

 


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ