• 16 септември 2024
  • Вести денес: 0

Се враќаме од посета на пријатели „на континентот“ или од „прекуморе“ - на Англичаните се им е континент и прекуморе и како што дојдовме, со автомобил, така треба и да се вратиме. Да го поминеме Ла Манш или, по англиски, нормално - Англискиот канал. Се погоди едно лошо време, врне истура, облаците ниско по земја, дува, бура, кажуваат за некои чворови и јазли и еден по еден, бродовите од Кале за Довер се откажуваат. Ние чекаме, оптимисти, заедно со уште педесетина возила, зашто рекоа дека има шанса некаде околу полноќ да се стиши малку, па еден брод да помине. Но, ни рекоа, ќе лула, ќе ниша, ќе се клати, ќе оди горе-долу, лево-десно, ќе биде држ не дај, значи ќе биде многу бурно и наместо час и петнаесет минути, преминувањето ќе трае околу три часа.

Ама што е тоа за нас, светски патници и авантуристи. Издувани, измрзнати и измалтретирани, се качивме, дигнавме рачна, ставивме во брзина и седнавме на палуба број седум. И - почна да се лула, да се ниша, да се клати, да оди горе-долу, лево-десно, да биде држ не дај... И - едвај издржав. Јас, позната светска патничка, сум била на брод многупати, ме возеле и грчки, и турски, и руски, и норвешки, и шведски и шкотски капетани, ама овој пат не беше до капетанот. Ниту до морето. О кеј, беше малку до морето, и до капетанот, некако чудно ги фаќаше кривините, ама најмногу до патникот до мене кој од ресторанот се врати со послужавник со појадок. Англиски појадок. Комплет. Фул Инглиш. Мешана прженица. Пржени колбаси, пржена сланина, пржени јајца, пржени печурки, пржено лепче, пржен домат, варен па пржен компир, грав во сос од патлиџани и задолжителен тост со путер и кафе или чај. Во случајот, чај.

Можев да станам, ве слушам како велите, и да го сменам местото. Ама јас грчевито се држев за рачките од фотелјата и имав мисија – се концентрирав и го држев бродот да не се распадне. Оти без тоа... па добро, можете да замислите... како што можете да замислите дека не сум голем љубител на англискиот појадок. Јас сум повеќе континентален тип.

Прженици

Англискиот појадок или „фул инглиш брекфаст“ или „фрај ап“ односно прженица, е најтрадиционалното англиско јадење, заедно со „фиш енд чипс“, похувана риба и пржени компирчиња и „сандеј роуст“, неделното печено месо со барем два вида зеленчук. Ама води и се јаде секаде каде што има Англичани. Во Шпанија имате убави тапаси, ама има многу Англичани, па има и мешана прженица. Во Грција има суфлаки и гиро, ама Англичаните не можат без гравче и колбаси и колбаси и сланина и гравче, па макар било и плус триесет и осум.

Почна како пладневна закуска на високата класа, како знак на благосостојба и се јадеше со часови. И се читаа весници – според традицијата, појадокот е единственото јадење каде што не е непристојно на маса да се чита весник. Но, со индустриската револуција Фул Инглиш стана достапен и беше прифатен од работничката класа која имаше два оброка дневно, со една разлика – стана прв и се помести порано, а големото количество калории и маснотии „ги држеа“ работниците сити цел ден. Ништо чудно, ако се знае дека еден просечен англиски има околу 1.000 калории и околу 75 грама маснотии!

Е, ама Французите

Неделава францускиот претседател Емануел Макрон го повика УНЕСКО да му даде статус на „културно богатство“ на багетот. Во писмо со кое ја поддржува иницијативата на француската пекарска асоцијација, Макрон рече дека на багетот му завидува сиот свет. Кога можеше лани за културно богатство да се прогласи начинот на правење пица од Неапол, треба и на францускиот багет, сметаат француските пекари на чело со Макрон, кои се лутат што сè се продава под името багет. Не смее да е замрзнат, треба да е тенок и долгнавест и да има само четири состојки – пченично брашно.

На списокот на УНЕСКО на заштитено културно наследство е јогата, шпанското фламенко, тибетската опера, белгиското производство на пиво, хрватското производство на бисквити со пипер и ѓумбир, кинеската калиграфија, српското коло итн.
Обединетото Кралство досега нема ниту еден предлог до УНЕСКО. Па францускиот предлог предизвика коментари во јавноста, главно на социјалните мрежи. Значи, ако можат Французите да се фалат и да го заштитуваат својот багет (кој се стврднува веќе следниот ден - се стврднува зашто не знаете да го направите како што треба), што можат Англичаните, на пример, да предложат нешто како културно наследство? Шапките полуцилиндри? Или англискиот начин на комуницирање - никогаш да не го кажеш она што го мислиш или го мислиш спротивното од она што го кажуваш или популарниот англиски појадок? Англискиот појадок доби најголема поддршка. Се јаде секаде и секогаш, за појадок, ручек, вечера, низ цел свет, а ако ништо друго, привлекува внимание.

Да ме прашаат мене, ќе им кажам дека и покрај популарноста, мислам дека појадокот има мали шанси за УНЕСКО. Зашто сите состојки можат се подготвуваат одвоено и штосот е само да се стават на едно место, во една чинија. Тука нема нешто посебно.

Прженици на купче. Што ме потсеќа на Мице, поранешен ракометар на Пелистер, кој работеше како шеф во Македонско радио, па во мензата во Нерези ја прашува готвачката Лепа – што е ова? Растурена сарма, му вели таа. А да ми ја дадеш цела, па јас да си ја растурам?

 

Објавено во „Слободен печат“

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ