• 16 септември 2024
  • Вести денес: 0

Му објаснувам на човекот како се прави. Ставаш нескафе, најдобро две мали лажици, па шеќер (прво бел, па после, кога станав посвесна, свртев на кафеав), па неколку коцки мраз, лед, ладна вода и како да правиш коктел – во затворен сад – и протресуваш додека не те заболи малку раката и додека не оцениш по звукот дека добиваш еден фин, мазен, леплив, пенлив звук, кој најавува дека кафеното задоволство е речиси готово. Потоа го претураш во стаклена висока чаша, ставаш или не ставаш млеко, ставаш една сламка во напитокот и – уживанција во Франција.

Само што до пред неколку години и Французите немаа поим за нескафе-фрапе. Е сега, рака на срце, можеби имаа поим оние што одеа во Грција на одмор во тоа време зашто Грк без нескафе-фрапе во рака во банка, на плажа, во кафана, во дуќан, во бутик, во министерство... и не е некој Грк и да се расправаме тука како Грк во...


Пластичен отпад

Ама главно низ Европа, со исклучок на Италија, а со додаток на Обединетото Кралство, се пиеше нешто што го нарекуваа кафе, кое имаше една добра работа, една лоша работа и една мистериозна. Добрата - имаше шеќер (да ставиш). Лошата - немаше кафе. Мистериозната беше - од што ли беше толку црно? А за моето омилено фрапе, да не зборуваме... Морав да објаснувам низ Европа пред години, пред да се прошири кафепиењето низ континентот, барајќи некои шетани келнери, да им објаснам што да направат, зашто бариста немаше ни за лек. И на крај да кажувам да се стави пипет, стро, строх, паје, паи...

Еден келнер во Бодрум го научив како да прави фрапе, па во ол-инкзусив хотелот почна да заработува на жедните Англичани, Германци и Холанѓани, кои прво со завист ме гледаа како со задоволство шмркам со цевка студено ледено нескафе-фрапе, па не издржаа и покажаа со прст и потоа уживаа на топлото сонце.

Од пред неколку години фрапе има во речиси сите кафетерии и ресторани, а пластичните шејкери ги заменија миксерите со една ногарка и нутрибулетите. Ама цевките останаа.

Но, изгледа дека сега ним им доаѓа крајот. Конзервативната британската премиерка Тереза Меј констатира дека повеќе од 50 отсто од младите заинтересирани за човековата околина се гласачи на лабуристите, па обнароди дека планира голема акција за намалување на отпадоците од пластика што ја гушат човековата околина. Земјата „произведува“ повеќе од 800.000 тони пластични отпадоци и тоа е навистина алармантна бројка. Најголем дел од пластиката оди на преработка во Кина, но Кинезите најавија дека ќе го редуцираат приемот на пластика, посебно на таканаречената нечиста пластика, составена од повеќе видови, која е тешка и речиси невозможна за преработка.

Од некаде мораше да се почне. Па се почна од цевките.

Нема пластика

Веќе голем број кафетерии, ресторани и хотели објавија дека нема да користат пластични цевки. Дека сосема ќе ги исфрлат до крајот на оваа година. Се натпреваруваат еден со друг кој ќе каже дека ги откажува. Од Коста кофи, Кафе Неро, Старбакс... па хотелите како Холидеј ин, Ибис, но и скапите Дорчестер и Лангам. И тоа е добра реклама за нив, нема што. Почнаа да се јавуваат и произведувачите на прехранбени производи, кои ветуваат дека до 2020 година ќе ги отфрлат пластичните послужавничиња во кои се продава местото, овошјето, сирењето и дека сè ќе се пакува во амбалажа што ќе разложува. Следуваат други пластики и депонии и...
На телевизија се појави емисија за едно малечко селце во Девон каде што буквално сè се рециклира. И нема пластика! Со боринче да ја бараш, нема. Има чаши од хартија, од специјален скроб и да, хартиени цевки. Ама пластика, нема.

Замислете слика на вашата околина со малку отпадоци, а и оние малку да се разложат. Убајна!

А за цевките, проверив. Имаше и порано, се сеќавам, пред налетот на „трајната“ пластика, ги има и сега уште повеќе и поубави, но има и метални и стаклени цевки за пиење, фала на прашање и не се многу скапи - инвестицијата е исплатлива зашто е за повеќекратна употреба. Се продаваат и со мали четкички со кои се чистат, за оние најпедантните.

Велам, од некаде мора да се почне.

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ