На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Лондонската модна недела, како и секоја година, направи сè за да привлече внимание на оние што сакаат, следат, сонуваат, копираат, купуваат и не можат без мода. И како и секоја година, имаше од сè по нешто – и ново и старо и прекрасни дизајни и иновативни креации и скандали и забави и ревии и дискусии и расправии и многу, многу уметност и најмногу од сè - бизнис. На оние што сè уште носат природно крзно, друштвото за заштита на животните со пароли пред и по модните ревии им порача дека „животните не се за носење“ и гордо се пофали дека повеќе од 90 отсто од британските креатори веќе не користат крзно (кожата е друга приказна). Ама на ревијата на Мери Катранзу покрај вештачко крзно имаше и малку минк. Доволно за една активистка да се вмеша меѓу манекенките и да викне: „Мери, срам да ти е“! Но ревијата продолжи, а Мери и натаму ги продава своите прекрасни живописни креации од по неколку илјади фунти, со малку минк и можеби ѝ е малку срам, ама кога ќе ја ви види завршната сметка, брзо поминува, дека бизнисот си е бизнис. Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав. Другите нека ги прочешлаат орманите, нека се гордеат дека ништо не фрлаа и нека пробаат да се вовлечат во облеката од едно време, со помош на пријатели, на роднини или со лажица за чевли, сеедно. Или нека ги извадат блузоните, ѕвонарките, шарените кошули, марами, качкетите на мајките и татковците и нека зачекорат гордо - Лондон повикува! (пак!). Гледајте го светот од високо - чевлите и чизмите со високи штикли на платформи се пак во мода (за мене никогаш не ни излегоа). И за мажи и за жени. Седумдесет и едногодишната авангардна креаторка Вивиен Вествуд покажа унисекс мода и порача да се дели гардеробата со партнерот или партнерката, Кристофер Бејли се прости од Барбери, секој што е некој во модата се моткаше околу модните писти или седеше во првите редови на модните ревии, дури и кралицата Елизабета Втора не одолеа и седна за првпат во првиот ред на модна ревија. Купувачите купуваа за своите бутици и луксузни продавници, синџирите продавници „купуваа“ на друг начин – она што го гледаа брзо ќе биде „преведено“ и веќе за неколку недели ќе се најде во продавниците на главните улици прво во Лондон, а потоа низ светот. Со ревиите и сјајот и светките се организираа и тркалезни маси каде што се зборуваше за актуелните теми во модната индустрија - од влијанието на Брегзит (повеќе од 70 отсто од вработените во производството во Британија се од Европската Унија) - до анорексијата и булимијата кај моделите. Предводени од расната ќерка на актерот Дејвид Хаселхоф, кој се здоби со слава во серија во која трчаше по плажа во друштво со бујни убавици во црвени костими за капење, група убави и полнички девојки протестираа против користењето на таканаречените „нула модели“, кои изгледаат како да немаат јадено со месеци (ама какви месеци, како да гладувале со години) и кои, според признанието на еден моден креатор, им служат како подвижни закачалки за облека, зашто така облеката подобро се лелеела(!). На оваа Лондонска модна недела протестираа и некои од „нула моделите“, кои ги споделуваа своите приказни за тоа како агенциите ги принудувале да гладуваат и како се хранеле со зелени салати или користеле незаконски средства за слабеење за да бидат најмногу 50 килограми и да добијат ангажман. Зашто, со повеќе од тоа се дебели. Дебели! Се смени ли нешто? Па, не баш. Точно е дека има повеќе полнички, високи, ниски и пополнети на разни места модели на модните писти и точно е дека откако констатираа дека не се сите исти, креаторите и дизајнерите почнаа да прават гардероба за мажи и жени со различни димензии што изгледаат многу фино, модерно, прилегаат, не личат позајмено и како шаторско крило. И кои не треба да се скусуваат, подвиткуваат, прошируваат, додаваат и ставаат паспули. Здолништа во три должини, за ситнички, обични и високи, панталони за оние со покуси, обични и долги нозе (фала богу, вели Мојот долгоног, кој тука конечно најде панталони во кои не изгледа како Досе, макар што кај хипстерите сега Досе е „ин“). Впрочем, модната индустрија во Велика Британија вреди 30 милијарди фунти и конечно почна да сфаќа дека треба да има сè за секого, зашто секој сака да носи сè, а има и да плати. Но тоа не ги протера од модните писти слабичките, сувките и наизглед и во суштина ненајадените модели - единствената разлика е што сега тие мора да докажуваат дека јадат, па медиумите се полни со Бели, Кристи, Нини, Адебои, Џиџи и Кари како јадат хамбургери и пилешки батаци и крилца (ова последново, ако најдат, бидејќи на најпознатиот пилешки синџир „КејЕфСи“, неделава му снема пилешко). Ама ќе се снајдат, сè за позирање и мода и за да се заборават оние помалку познатите кои веќе ги нема или се на инфузија во некоја клиника. А во луксузните бутици за висока мода, оние на модните креатори, оние каде што во излогот нема цени, сè е по старо. Влегувам и не ме обесхрабрува тоа што ме поздравија со „мадам“ а не со „ срцка“ или „злато“ и рамнодушните погледи на дотераните, ама според мене и изгладнети продавачки, кои како да немаат јадено од пред два месеци. Разгледувам, разгледувам, како во музеј да сум, броевите многу мали, цените астрономски. „Па добро, имате ли нешто во бутикот за нормални луѓе, им велам, така малку покрупни?“ Ме одмерува една од гладните од глава до петици, прави драматуршка пауза, демек размислува, јас полна со надеж, а таа ми вели: „Имаме, како да не. Имаме чевли, чанти, марами. Што да ви дадам да пробате, мадам?“
(Објавено во „Слободен печат“)
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.