• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Историјата се тркала по нерамен терен, особено на збрчканиот балкански релјеф, па кога ќе фати надолнина – како што е оваа, по која се лизгаме повеќе од деценија – цели општества почнуваат да работат против себе и да ги одгледуваат сопствените грешки како традиции, како некаков си нов, изместен и изроден идентитет... Во такви надолни времиња се изопачуваат сите вредности, сите морални и естетски ориентири, и тоа до таа мера, што кога ќе наиде можност да се поправат работите и погледот во бездна да се смени со угорна перспектива за спас и надеж, опортунистите што молчеа за време на злодејството, наеднаш се наоѓаат повикани да се побунат против светлата перспектива, во одбрана на идентитетот на кретени, што во меѓувреме го усвоија како „традиција“.

Така е со секој аспект од националната катарза што историски сме обврзни да ја спроведеме: така е со т.н. „проект Скопје 2014“, во кој се крадеше во тишина во која исчезнаа и нашиот идентитет, и културната суштина на македонската национална посебност и уставниот поредок.... Но сега, кога сме исправени пред обврската да го реституираме уништеното, и да го очистиме Скопје од најотровното загадување што постои на белиот свет, е, сега, се дигна хорот на тивки колаборационисти, како во Вердиева опера, да хучи и бучи како за уривањето на секоја дивоградба и на секој скулпторален кретенизам требало да се распише референдум, или да се бара планетарен семакедонски консензус!?


Надолничарски традиции

Така е и со спорот со името, за кој владееше „конструктивна“ тишина за сето вре-ме додека ВМРО го поткопуваше нашиот меѓународен углед, а со тоа и нашите шанси за добивање билет за светлата иднина. А, сега, кога се најде храбар човек да исчекори од дупката на националистичкото лудило, и да го вложи својот политички кредит во решавање на проблемот, се разбуди хорот на Вечни Македонци да се побуни против преговорите за името - истите Големи Македонци што во ми-натата деценија културно нè понижија повеќе од сите клети непријатели заедно, и го сведоа нашето идентитетско самоспознавање на „ерга гомнес“!

Така, во нашите надолничарски ново-традиции, бебето се фрла во канализација, а валканата вода и легенчето се чуваат и слават како да се работи за Светиот грал - како звукот од последната голтка Христова да ѕуни од него. А, да се читаше Шекспир во библиската земја, во најљубовната трагедија на сите времиња – Ромео и Јулија, ќе ги прочитаа Македонците моќните стихови во кои очајната Јулија ја разоткрива бесмисленоста на човечките надолничарски „традиции“. Приказната се вие околу љубовта на младиот пар, која е осудена на пропаст поради тоа што Јулија ѝ припаѓа на фамилијата Капулети, а Ромео на Монтеки, на две фамилии што се „по традиција“ непријатели. Јулија го преколнува Ромео (во мојот немушт превод):

„Твоето име е мојот душман Зашто ти си ти и без него. „Монтеки“ не е ни рака ниту нога ни лице ни тело ниту што и да е што мажот го има. Друго име за себе да земеш – името не е ништо! Тоа што го викаме ружа ќе мирисаше слатко и со друго име!“

Името на ружата, им вели Шекспир на Македонците, е ништо во споредба со нејзината суштина, со нејзиниот идентитет, што го чинат нејзините својства - нејзината форма, убавина и нејзиниот волшебен мирис. Така што, оние што ја застапуваат малоумната теза дека името е целиот идентитет и дека Македонците немаат ништо освен името... тие практично потврдуваат дека не препознаваат ниту една доблест или културно-историска вредност, што стои зад името македонско, што македонската нација го изградила за седумдесет и кусур години од постоењето на нашата Република. Ако името е сè, тогаш ние веќе сега немаме ништо.

Еве како надолничарската традиција за претворање на македонскиот идентитет во Ништо, работеше сиве овие години откога сме „свои на свое“.


Петокрака на чело


Македонската држава се роди и израсна во самостојна Република со ѕвездата пе-токрака на своето чело, а првото што го направивме по прогласувањето на независноста е менувањето на нашето родно и историско знаме за украдено, за потем меѓународната заедница да нè натера украденото да го вратиме и да донесеме ново. Потоа го унаказивме и државниот грб, искорнувајќи ја дивјачки петокраката и од него. Потоа почнавме да ги рушиме, крадеме и претопуваме бистите на единствените свети Македонци – со петокрака на челото - што ги положија своите животи во фундаментите на нашата сегашна држава. Потоа ги кренавме најголемите срам-споменици на светот, на местата на кои се очекува да стојат националните вредносни и идентитетски ориентири и така го помноживме нашиот дотогашен идентитет со нула. И, тоа не ни беше доста, па ги уништивме и архитектонските споменици на македонскиот модернизам - меѓународно признаени вредности на нашиот модерен идентитет, преливајќи ги со бела експандирана фекалија. И, не, и тоа не нè задоволи во надолничарењето, туку ги изгнасивме и творците на нашиот литературен јазик, поетите и писателите што ги напишаа најубавите и највредните македонски стихови и реченици.

И, сега? Сега можеме само да заклучиме дека македонската ружа шири фекална реа до самото небо, но името нејзино – зад кое не оставивме ни грам културно-историска супстанца – ќе го чуваме до последната капка крв! Потоа ќе преминеме на шприцери! 

 

(објавено во „Слооден печат“)


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Иванов, сертификаторот!

Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

НАЈЧИТАНИ